X
 08.10.2018 Живот

Единствената разлика помеѓу богата и сиромашна личност е во начинот на користење на времето

Дали размислувате како милијардер? Според голем број финансиски магнати, збогатувањето започнува во вашиот ум, а не во вашиот паричник. За да се збогатите, мора да верувате дека нешто неверојатно оддалечено од вас, со напорна работа и посветеност, ќе биде возможно да го дофатите.

Страст, одлични идеи и голема дисциплина се основата на богатството, така што пред да започнете да го бркате, изградете богат начин на размислување со овие мотивациони цитати.

- Станува збор за едноставна аритметика: вашиот приход може да порасне онолку колку што можете да пораснете вие - Т. Харв Екер.

- Формалното образование ќе ви овозможи пристојни пари за живеење; самообразованието ќе ви овозможи богатство - Џим Рон.

- Единствената разлика помеѓу богата и сиромашна личност е во начинот на користење на времето - Роберт Кијосаки.

- Колку повеќе учите, толку повеќе заработувате - Френк Кларк.

- Пред да станете милионер, мора да научите да размислувате како милионер. Мора да научите како да се мотивирате себеси со храброст - Томас Џ.Стенли.

- Не можете да работите три часа во неделата и да заработите 100.000 долари. Брзото збогатување не функционира - Дав Ремзи.

- Инвестицијата во знаењето ги исплаќа најдобрите дивиденди - Бенџамин Франклин.

- Богатството е на страната на оној што се осмелува - Вергилиј.

- Богатите луѓе имаат мали телевизори и големи библиотеки, а сиромашните луѓе имаат мали библиотеки и големи телевизори - Зиг Зиглар.

- Заклучив дека богатството е состојба на умот и дека секој може да достигне богата состојба на умот размислувајќи со богати мисли - Едвард Јанг.

- Празните џебови никогаш никого не спречувале во нешто. Само празните глави и празните срца може да го направат тоа - Норман Винсент Пил.

- Секој ден е банкарска сметка, а времето е наша валута. Никој не е богат, никој не е сиромашен, сите имаме 24 часа - Кристофер Рајс.

- Што ве спречува да бидете богати? Во повеќето случаи, тоа е недостигот на верување. За да станете богати, мора да верувате дека можете да го направите тоа и мора да преземете акции неопходни за реализирање на вашата цел - Сузан Орман.

- Богатството во голема мера е резултат на навика - Џон Џејкоб Астор.

- Потеклото на сите достигнувања, сите заработени богатства, е во идејата - Наполеон Хил.

- Денес, најголемиот извор на богатство е помеѓу вашите уши - Брајан Трејси.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот