X
 09.05.2019 Култура

Оригиналната постава на „Беверли Хилс“ подготвува продолжение

Оригиналната постава од можеби најпопуларната серија во деведесеттите, „Беверли Хилс“, по 19 години се подготвува за снимање нови епизоди.

„Фокс“ објави снимка на која Бренда (Шенен Доерти), Дона (Тори Спелинг), Кели (Џени Гарт), Брендон (Џејсон Престли), Стив (Ијан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреја (Габриеле Картерис) го читаат сценариото и се забавуваат.

 - Се разделија пред 19 години, а сега повторно се собраа. Снимањето ќе биде поинтересна сапуница од новите продолженија - се наведува во известувањето.



Во екипата ќе недостига Лук Пери (Дилан), кој почина во март годинава од мозочен удар. Но, Спелинг во едно интервју претходно рече оти се надева дека тој сепак ќе биде дел од новата приказна.

Прикажувањето на новите продолженија е најавено за 7 август, а како што соопштуваат од „Фокс“, епизодите ќе бидат инспирирани од животот на самите глумци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура