X
 09.08.2023 Наука

Пронајден череп кој не припаѓа на ниеден вид човек

Стар човечки череп пронајден во Кина се разликува од сите други черепи на луѓето и нашите предци. Черепот не наликува на череп на неандарталец, ниту денисовец, ниту модерен човек.

Тој бил пронајден во Хуалонгдонг во 2019 година, а оттогаш научниците се обидуваат да откријат за каков човек станува збор. Лицето на овој вид наликува на она на модерниот човек, но во брадата потсетува повеќе на денисовец. Меѓународна група на научници кои го анализирале черепот мислат дека откриле сосема нов вид кој е хибрид помеѓу модерните луѓе и нивни предци.

Претходно, геномски студии за остатоците од неандерталците во Европа и западна Азија пронајдоа докази за четврта гранка на луѓе кои живееле во средниот до доцниот плеистоцен. Меѓутоа, никогаш не бил откриен фосил кој би ја потврдил оваа теорија.

Пронајдениот череп, кој му припаѓал на 12 или 13-годишно дете, можеби е делот кој недостасувал во загатката.


Извор: Science alert
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука