X
 10.03.2021 Живот

Кој е новиот креативен партнер на М Кеш?

Популарната македонска медиумска личност позната по многубројни ТВ-проекти, Жарко Димитриоски, е новото заштитно лице на М Кеш Македонија. Тој е автор и извршен продуцент на познатото шоу „Еден на еден“ и креативен директор во истоимената маркетинг-агенција. Жаре едноставно плени со својот хумор и допира до секаков вид аудиториум. Агенцијата ја избравме за главен партнер за комуникација врз основа на интересниот поглед на бизнисот и различното гледиште прикажано во нивниот стратешки предлог.

Амбицијата да го продолжиме нашиот раст ја надополнивме со партнер за комуникација, кој гледа подалеку од стандардната рекламна кампања и се фокусира на деловните предизвици. Ние веруваме дека ефективната имплементација на предложените идеи ќе влијае врз нашите деловни резултати. Среќни сме што ќе работиме заедно оваа година и убедени сме дека ова ќе биде успешно партнерство за двете страни.

За нас, како компанија, е значајно тоа што го имавме замислено како идеја, сега е реализирано како готова кампања која штотуку започна, а ќе трае до крајот на годината. Презентацијата на нашите услуги е прикажана преку ТВ-спот со Жаре, под мотото „Ем први, Ем брзи, Eм најдобри“.

М Кеш го цени времето на клиентите и затоа потребата да бидеме поблиску до вас ни овозможува да бидеме уште подостапни со нашите услуги и да ги задоволиме вашите барања. Посетете нè во 29 филијали низ државата, аплицирајте онлајн од комодитетот на вашиот дом или преку асистенција на мобилен кредитен консултант преземете ги паричните средства од посакуваната локација.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот