X
 10.03.2024 Живот

Минатата година била најбезбедната во историјата на комерцијалната авијација

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) објави статистички податоци за комерцијалниот воздушен транспорт во 2023 година, која е прогласена за најбезбедна година за летање во историјата, според неколку параметри. Во текот на целата мината година и покрај годишниот пораст на бројот на летови од 17 отсто и повеќе од 37 милиони реализирани летови, имало само една фатална несреќа на комерцијален авион (со 72 загинати при домашен лет во Непал).

Ризикот е најмал досега

Во текот на годината не е изгубен ниту еден комерцијален авион, ниту пак некој загинал во таков тип авиони. Една година претходно биле забележани пет несреќи со смртни последици, што било во согласност со просекот од пет години. Во 2023 година се евидентирани вкупно 30 сообраќајни незгоди од сите видови, што е помалку од просечните 38 (во периодот 2019-2023 година).

Севкупно, во текот на 2023 година е забележана во просек по една авионска несреќа на 1,26 милиони летови, што е најниско во последните десет години, но и подобро од сегашниот петгодишен просек. Со овие резултати, 2023 година ја надминува 2017 година, кога исто така немало евидентирани загуби на животи во комерцијални млазни авиони, но тогаш имало повеќе несреќи на други типови авиони.

Ризикот од смрт во комерцијален авион е намален од 0,11 (во 2022 година) на само 0,03 проценти. На тоа ниво на безбедност, просечниот човек би требало да лета секој ден дури 103.269 години пред да се случи фатална несреќа.

Ако ја погледнеме ситуацијата во Европа, сликата е уште подобра: на нашиот континент од 2018 година нема жртви во комерцијалната авијација, а бројот на несреќи генерално се намалува. Ризикот од каква било несреќа во 2023 година била половина од оној од претходната година (0,48 на милион сектори), а најголемиот дел од несреќите се поврзани со кршење на опремата за слетување.

2024 година не започна добро

Сепак, ИАТА вели дека толку добри резултати не значат дека сега можеме да ја земеме безбедноста на воздухопловството здраво за готово. Тоа особено го докажуваат настаните од почетокот на 2024 година, кога беа забележани два значајни настани. Едниот е големиот судир меѓу „ербас А350“ и крајбрежната стража „даш 8-Ку300“, со пет загинати, а другиот е паѓањето на вратата од авионот „боинг 737 макс“ при лет во САД. На тој список би се додала и речиси катастрофалната несреќа на „ембраер 195“ на аеродромот во Белград.

Неодамнешните настани покажуваат дека секогаш има простор за подобрување, „иако летањето е една од најбезбедните активности што човек може да ги реализира“, велат од асоцијацијата.

Извор: Bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот