X
 10.09.2018 Образование

Време е да ги спакувате куферите: Овие земји нудат бесплатно образование за меѓународни студенти

Студирањето и живеењето во друга земја се сон на секој иден студент. Искуството да се живее во непознато место е нешто што сите го посакуваме. Нова култура, нови луѓе, нови места, нова храна - кој не би сакал да има таков живот, нели? Учењето во странство ви нуди да ги доживеете сите овие нешта и многу повеќе. Но, скапата школарина и другите трошоци за живот секогаш се пречка за исполнување на овој сон.

Но, не повеќе! Додека образованието во Британија, САД и во други европски земји се плаќа, постојат неколку опции што треба да ги земете предвид - постојат земји што нудат бесплатно образование или бараат само основна школарина за меѓународните студенти. Ова се неколку:

1. Германија


Кога станува збор за одлично високо образование со минимални трошоци или без трошоци, Германија е на врвот на листата. Јавните универзитети во Германија не наплаќаат школарина, но се наплаќа надоместок за универзитетска администрација од 150 до 250 евра.

2. Норвешка


Програмите за дипломски, постдипломски и докторски студии во Норвешка се апсолутно бесплатни, без оглед на вашата националност. Но, постои еден услов - да знаете да зборувате норвешки бидејќи повеќето додипломски курсеви се изучуваат на овој јазик. 

3. Шведска


Додека универзитетите наплаќаат школарина за земјите што не се членки на ЕУ, ЕЕА и нордиските земји, тие нудат постдипломски и докторски позиции без надомест. Всушност, добивате месечна плата.

1
Фото: travelandtourisms.ga


4. Австрија


Земјите што не се членки на ЕУ/ЕЕА ќе мора да платат номинална школарина од околу 730 евра за семестар. Не е лошо, со оглед на квалитетот на животот тука.

5. Финска

Во моментов Финска не наплаќа школарина за кое било ниво на образование или за студент од каква било националност. Но, од 2017 година започна да наплаќа школарина за земјите што не се членки на ЕУ/ЕЕА за програми за додипломски и магистерски студии на англиски јазик.

6. Чешка

Високото образование тука е бесплатно за сите националности. Таков е законот во оваа земја. Но, услов е да го знаете јазикот. Ако сакате да учите на англиски јазик, тогаш ќе треба да платите номинална школарина од 970 долари.

7. Франција

Високото образование во Франција главно е бесплатно, освен на некои јавни универзитети.

8. Белгија

Меѓународните студенти мора да платат минимален надомест за студирање во Белгија.

2
Фото: travelandtourisms.ga


9. Грција

Земјата на боговите, Грција, нуди нискобуџетно високо образование за странски студенти, заедно со минимални трошоци за живот.

10. Шпанија


Како и другите европски земји, така и Шпанија нуди бесплатни универзитетски студии само за граѓаните на ЕУ. Но, нуди и образование за меѓународните студенти со многу ниска школарина и разумни трошоци за живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование