X
 04.06.2015 Образование

Екстерно или екстремно глупави прашања?

Во тек е и третиот ден од екстерното тестирање, а наставниците и учениците од основните и средните училишта се збунети и зачудени затоа што голем дел од прашањата и одговорите не само што се глупави, туку немаат никаква логика.

 

eksterno


Иако учениците напорно учеле за тестирањето, сепак за некои прашања не можат да најдат одговори, додека пак други се погрешно поставени.

Во екстерните прашања по англиски јазик за петто и шесто одделение голем дел од понудените текстови имаат и граматички и правописни грешки, а дел од прашањата учениците воопшто не го учеле.

Иако учениците напорно се подготвувале за прашањата, сепак тие не можат да пронајдат одговори за прашањето: Каков вид текст е „Богородица оди по маките“? или пак „Кој средновековен роман претставува христијанизација на животот на индискиот светец Буда?“ Исто така, учениците не го знаат одговорот на прашањето: Кој лик од „Мртви души“ е скржавец? - оваа книга воопшто не е дел од програмата, ниту пак ја работеле некогаш на час.

 

2


На прашањето: Колку букви има кирилицата која настанала со преобразба и поедноставување на глаголицата? понудени се 4 неточни одговори: а)58; б)48; в)28; г)38. Точниот одговор на прашањето е 44.

Во текстовите по англиски јазик се меша сегашно со минато време, иако голем дел од учениците од четврто и петто одделение воопшто немаат земено минато време. Исто така, има многу печатни грешки, па така Лејди Ди не е „Princess“ туку „Princes“.

 

4

3


На екстерното по граѓанско образование се појави и прашање поврзано со спорот за името со Грција, кое голем дел од учениците го одговориле различно, а подоцна одговор не можеле да добијат ниту од нивните родители ниту пак од наставниците. Родителите се жалат на тоа и дека огромен проблем им претставуваат задачите по математика затоа што се непрецизни и збунувачки.

 

1


Прашањата изобилуваат и со расистички елементи.

Во прашањата по граѓанско образование може да се забележи омаловажување на учениците Албанци во кое тие се споредуваат со земјоделци или ученици кои живеат во планина и чуваат добиток, додека Македонците се сметаат за најдобри.

„Родителите не го пуштаат Агим да оди во училиште. Сметаат дека како највозрасен од сите браќа и сестри треба да се грижи за кравите во планина. Оваа одлука на родителите на Агим се вика:“

„Томче е најдобар ученик и затоа класниот раководител го предложил за претседател на одделението осмо два. Учениците тајно и со мнозинство гласови го избраа Томче за претседател. Дали има недемократски постапки при изборот на Томче?“

Екстерното тестирање започна на 2 јуни, а ќе заврши на 10 јуни. Предвидува околу 50.000 прашања од сите предмети, и ќе опфати 183.280 ученици и 17.803 наставници. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование