X
 10.09.2019 Наука

Научници откриле средство за разградување на ХИВ-вирусот

Меѓународен тим од научници објави дека откриле средство што ги разградува молекулите на ХИВ-вирусот и ги прави неактивни.

Стручни лица од Русија, Финска, Швајцарија, Велика Британија и САД. Откритието настанало случајно, откако е откриен механизам кој го неутрализира молекулот на вирусот причинител на имунолошки недостиг кај човекот (ХИВ).

Во трудот на Јужноуралскиот државен универзитет се нагласува дека значењето на ова откритие е тоа дека исти лекарства можат да се користат за повеќе различни видови заболувања.

- Новооткриениот механизам се состои од повеќе соединенија што можат да се користат за лекување повеќе заболувања, меѓу кои и рак и ХИВ. Тие соединенија ќе го олеснуваат отстранувањето на атомите на цинк од молекулот на ХИВ, што го прави неактивен. Од самиот почеток сметавме дека ефектот на овие соединенија против ракот е нашиот приоритет. Но веднаш се покажа дека тие соединенија покажуваат висока и селективна активност против вирусот на имунолошки недостиг - истакнува проф. Олег Ракитин, кој е дел од научниот тим.

Тој додава дека испитувањата ќе продолжат за да се утврди какви други заболувања можат да бидат третирани и лекувани.

Според официјални податоци, денес 37,9 милиони лица во светот живеат со ХИВ, при што само во 2018, 1,7 милион луѓе се новозаразени. Луѓето што го имаат вирусот во себе просечно живеат меѓу девет и 11 години по заразувањето.

Организацијата за борба против сида при Обединетите нации – УНАИДС се стреми да ја искорени оваа болест до 2030 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука