Производителот на автомобили „Дајмлер“ најави дека градското возило „смарт“ со новиот модел целосно преминува на електричен погон. Ова е првиот тип автомобил што ќе се движи само со погон на батерии.
На Саемот за автомобили - Франкфурт, кој се одржува од 11 до 21 септември, градскиот мини-автомобил ќе се појави со поинаков дизајн и со намалена моќност на моторот.
„Смарт фор-2“ сега го има во облик на купе и кабриолет, а „Фор-4“ е тој што ќе се движи со целосно електричен мотор, од 60 коњски сили и досег од 159 километри.
Старите мотори на внатрешно согорување ќе завршат во музеј, нагласуваат од компанијата.
Извор: МИА