X
 27.04.2016 Технологија

Уште една автомобилска компанија призна дека мамела на тестови за своите возила

Ситуацијата во „Mitsubishi motors“ штотуку стана многу полоша. Јапонскиот произведувач на автомобили штотуку призна дека мамел за време на тестовите за ефикасност на горивото во текот на последните 25 години. Соодветно на тоа, акциите на компанијата паднаа за 10%.


Скандалот со тестот за гориво ја намалил вредноста на компанијата за половина, а нејзините акции се рекордно ниски во моментов. Компанијата изјави изминатата недела дека користела погрешни тестови за економичноста на горивото на стотици илјадници возила, вклучувајќи и некои продадени на „Nissan“.

Меѓутоа, оваа измама траела многу подолго отколку што се знаело претходно. Ваквите автомобили со погрешни резултати на тестовите се продавале само во Јапонија. Од компанијата велат дека независни адвокати ќе ги испитаат тестовите.

Инаку, слично признание слушнавме и од „Volkswagen“ изминатата година, кога компанијата призна дека мамела на тестовите за испуштање издувни гасови од моторите во Америка и Европа. Исто така, корејските „Hyundai“ и „Kia“ се согласиле да платат 100 милиони долари казна во САД во 2014 поради погрешни проценки за економичноста на горивото во многу нивни возила, известува Си-Ен-Ен.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија