X
 10.10.2023 Живот

Сѐ поголем број Швајцарци не сакаат да плаќаат данок: „Идејата е да се парализира државата“

Сè повеќе граѓани на Швајцарија што живеат во германските говорни подрачја одбиваат да плаќаат даноци, а властите се „преплавени“ со писма за жалби.

Ова дефинитивно е феномен во Швајцарија и е во пораст од почетокот на ковид-пандемијата. Според истражувањето на јавниот радиодифузер СРФ, во Швајцарија се активни околу 10.000 „државни приговарачи“. Во срцето на нивната идеологија е недовербата кон државата, која се смета за премногу моќен ентитет кој се збогатува на сметка на своите граѓани.

- Идејата е да се нападне и парализира државата - изјави Дирк Баер, директор на Институтот за деликвенција и превенција на криминалот на Универзитетот за применети науки во Цирих.

- Она што ги карактеризира државните приговарачи е начинот на кој ги оправдуваат нивните постапки. На пример, еден од наративите е да се каже дека државата е бизнис. Така што, тие активно се спротивставуваат на државата и сето тоа го оправдуваат на конспиративен начин со тоа што велат дека државата е премногу моќна и дека некои луѓе сакаат да се збогатат на грбот на заедниците - вели тој.

„Тероризам со хартија“


Што се однесува до администрацијата, постапките на овие државни приговарачи предизвикуваат значително зголемување на обемот на работа, нешто што Баер го опишува како „тероризам со хартија“.

Канцелариите за наплата на долгови се првите што се погодени од оваа појава, објаснува Томас Винклер, претседател на Здружението на службеници за наплата на долгови.

Тој додава дека државните приговарачи се среќни кога поднесуваат жалби.

- Секако, овие жалби се неосновани - вели тој, но додава дека тие им одземаат многу време на државните службеници.

Според Баер, од пандемијата наваму луѓето што ги споделуваат идеите на државните приговарачи го зајакнаа своето вмрежување преку групни дискусии и работилници.

Во кантоните каде што се зборува француски феноменот е помалку видлив, а почест е во кантоните каде што се зборува германски јазик.

Извор: Swissinfo.ch
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот