X
 10.11.2021 Живот

Бизнисмен по грешка фрлил 19.000 евра в ѓубре

Губењето пари е лошо искуство, но како би се чувствувале ако по грешка фрлите поголема сума пари?

Еден таков инцидент се случил во Грција, каде што бизнисмен случајно фрлил кеса со 19.000 евра во канта за отпадоци, мислејќи дека кесата е полна со ѓубре.

Бизнисменот од грчкиот остров Лимос во понеделникот носел готовина во кеса и кеса за ѓубре. На пат кон канцеларијата, тој ги фрлил двете кеси во кантата за отпадоци. По некое време сфатил дека ја фрлил и кесата во која имало пари.

За локалните медиуми изјавил дека откако сфатил каква грешка направил, се упатил кон местото каде што ги фрлил кесите, но веќе ги немало.

- Испаничив и ги запрев полицајците, па им објаснив за парите и како случајно ги фрлив во кантата за отпадоци - вели бизнисменот.

Полицајците заедно со него го лоцирале камионот за ѓубре и успеале да го стигнат на пристаништето пред камионот да го однесе отпадот на горење.

Бизнисменот и тројцата полицајци се качиле и почнале да пребаруваат низ целото ѓубре. По кратко пребарување ја нашле првата кеса со ѓубре, а по речиси еден час ја пронашле и кесата со 19.000 евра.

Извор: Arynews.tv
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот