X
 10.12.2019 Образование

Уште едно издание на инженерскиот натпревар EBEC

Студент си на некој од техничките факултети на УКИМ?

Имаш желба и ентузијазам да се натпреваруваш?

Разбуди го инженерот во себе и пријави се на EBEC!

Европскиот БЕСТ (Бордот на Европски студенти по технологија) инженерски натпревар е настан кој им овозможува на натпреварувачите да се запознаат со реалните практични проблеми во светот на инженерите и инженерските решенија.

Натпреварот ќе се одржи на 18 декември во просториите на овогодинешниот партнер - Костел во Охрид, каде што ќе се натпреваруваат повеќе тимови од факултетите при УКИМ во областа на науката, инженерството, техничките и математичките дисциплини.
Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од Костел, како и професори од техничките факултети при УКИМ.

Пријави се во една од двете категории:

Case Study - во оваа категорија натпреварувачите ќе се соочат со конкретен „случај“ од некој теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа.

Team Design, категорија која ги предизвикува креативните вештини за решавање практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите, а предизвикот е дизајнирање решение на даден проблем со ограничени материјали и време.



Бордот на Европски студенти по технологија како интернационална студентска организација по победата ви овозможува заедно со вашиот тим да бидете претставници на регионалната рунда во Белград, а потоа и на финалната рунда која ова година ќе се одржи во Варшава.

Не пропуштајте ја шансата да се запознаете со други студенти, претставници на компании, како и врвни инженери во автомобилската индустрија!

Пред самиот почеток на натпреварот ве очекуваме на официјалното отворање на кое посебно внимание ќе обрнеме на жените кои се дел од оваа индустрија преку панел-дискусија на темата Women in engeneering, која ќе се одржи во рамките на отворањето, на 17 декември, со почеток на 17:00 часот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование