X
 11.03.2022 Живот

Македонија е лидер во Европа по бројот на избегани затвореници

Нордиските земји и Холандија имаат една од најниските стапки на затвореници, но и високи проценти на затвореници што избегале од затвор. Мапа направена со податоци од Советот на Европа од 2019 година покажува кои земји во Европа имаат најголем број затвореници што избегале. Податоците се за затвореници што биле фатени откако избегале од затвор.

На мапата се гледа дека Македонија убедливо води во оваа статистика. Во нашата земја 691 затвореник на секои 10.000 затвореници избегале од затвор.



По нас се наоѓаат Холандија со 315 избегани на 10.000 затвореници и Швајцарија со 284.

Интересно, некои земји воопшто не пријавиле случаи на бегство од затвор, а меѓу нив се Албанија, Црна Гора, Словенија, Малта и Кипар.

Извор: Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот