X
 08.07.2020 Здравје

Нови 163 заболени од Ковид-19, се израмни бројката на оздравени и моментално болни

Нови 163 заболени од Ковид-19, осуммина починати и 230 оздравени пациенти се евидентирани во изминатото деноноќие на Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. Ова се бројките на новозаболените по градови: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.

Оздравеле во: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Починале шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент (59 г.), а на Клиника за токсикологија е починала пациентка (79 г.) кај која присуството на вирусот е потврдено посмртно. Во ГОБ „8 Септември“ починале четворица пациенти (58 г., 61 г.,62 г., и 66 г.). Во ОБ Тетово починал пациент (53 г.), а во Филип Втори (Жан Митрев) пациент од Дебар (52 г.).

Во Македонија досега се направени вкупно 71.220 тестирања за Ковид-19. Дијагностицирани се 7.406 пациенти, од кои 3.554 оздравеле, 359 починале, а во моментов активни се 3.493 пациенти. Ова е последната дистрибуција на бројки по градови:

• Скопје 3.573, активни 1.895
• Куманово 813, активни 174
• Дебар 118, активни 65
• Штип 404, активни 159
• Прилеп 286, активни 55
• Тетово 805, активни 343
• Струга 282, активни 181
• Велес 198, активни 37
• Битола 63, активни 22
• Охрид 210, активни 181
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 180, активни 109
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 17
• Пробиштип 28, активни 17
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 56, активни 49
• Кичево 52, активни 43
• Ресен 127, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје