X
 11.06.2017 Култура

Мистериозна мапа од 18-от век ја поттикнува имагинацијата на истражувачите

Со почетокот на дваесеттите години од 18-от век, американски староседелец отишол во Чарлстон (град во Јужна Каролина) и на Френсис Николсон (тогашниот гувернер на колонијата Јужна Каролина) му дал мапа испишана со мастило на еленска кожа.

Мапата ги опишувала географските и социјалните односи помеѓу американските староседелци во околината. Квадратите ги претставувале европските доселеници во Чарлстон од една и Вирџинија од друга страна, а круговите во средината претставувале заедниците на Индијанците кои ги поврзувале двојни линии кои личеле на патишта.

Оваа мапа, позната како „Катоба мапа од еленска кожа“ е единствен пример на мапа која староседелците ја направиле и им ја дале на Европејците. Жителите на колонијата сведочеле дека племињата често правеле мапи на кора од дрво, а оваа картографска вештина им помогнала на доселениците да направат свои мапи на подрачјето кое сакале да го окупираат.

Овој конкретен пример ја искомбинирал географијат со податоците за односите на луѓето во ова подрачје, а некои експерти тврдат дека линиите меѓу нив претставуваат социјални и политички далечини. „Оваа мапа веројатно ги претставувала трговските односи“, вели Макс Еделсон, историчар од Универзитетот во Вирџинија.

Постојат дилеми за тоа кој би можел да ја направи мапата за која се смета дека совршено ја опишува ситуацијата помеѓу неколку групи на Индијанци во подрачјето меѓу Јужна Каролина и Мисисипи.

Историчарот Иан Чемберс смета дека мапата настанала во племето Чероки. Доказ за неговото тврдење е патот на горниот дел од мапата кој Чероки го поврзува директно со Чарлстон. Трговијата, претставува логистички предизвик и лидерот на племето му ветил на продавачот дека ќе направи нов пат кој би ги олеснил работите. Според оваа теорија, централната позиција на Катоба заедницата ја претставувала рпечката за директна трговија помеѓу Чироки и Британците.

Авторството на оваа мапа веројатно засекогаш ќе остане мистерија. Денес постои само копија, додека оригиналната мапа од еленска кожа е изгубена. Овој примерок бил зачуван само затоа што Николсон направил две копии и ги испратил во Лондон каде тие се наоѓаат во Британската библиотека и Националната архива.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура