X
 12.02.2024 Технологија

Дали „Епл“ ќе претстави „ајфон“ на преклопување?

„Епл“ уште од 2018 година истражува дизајни за свој модел на „ајфон“ на преклопување и во моментов има два активни прототипи.

Новиот „ајфон“ на преклопување е во рана фаза на развој, така што не се очекува да биде објавен наскоро. „Епл“ исто така, развива и „ајпад“ на преклопување со поголем формат откако се соочи со предизвици во проектот за преклопувачки „ајфон“.

Извештајот тврди дека тимот за индустриски дизајн во компанијата од Купертино сака да создаде уред кој е двојно потенок од сегашните модели на „ајфон“, така што кога ќе се преклопи, нема да биде премногу дебел. Се истражувала и можноста за додавање екран што се свиткува нанадвор.

Сепак, батериите и дисплеите во нивниот сегашен развој не им дозволуваат на инженерите да ги постигнат опишаните цели.

„Епл“ работи на намалување на наборите во центарот на дисплејот (местото каде што екранот се свиткува), откако екранот ќе се свитка многу пати. Компанијата, исто така, сака да овозможи уредот да лежи рамно на површина, овозможувајќи им на корисниците лесно да цртаат или да го користат „епл пенсил“.

Не е познато дали успеале да ги надминат овие пречки. Претходните извештаи посочуваат дека „Епл“ би можел да претстави преклоплив „ајфон“ во текот на 2025 година, но речиси е сигурно дека овие планови се одложени за подоцна.

Извор: B92.net

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија