X
 12.05.2016 Образование

Како се препишува на испит на Тајланд?

Испити на Медицински факултет на Тајланд се откажани откако студенти биле фатени како препишуваат користејќи напредни уреди за мамење

Тројца тајландски студенти кои се надевале дека ќе положат на испит во саботата биле фатени како мамат користејќи шпионски камери поврзани со нивните паметни часовници. Артхт Оураират, деканот на универзитетот „Рангсит“ од Тајланд, објавил фотографии на „Фејсбук“ од паметни очила и паметни часовници кои биле искористени за мамење на приемни испити на Медицинскиот факултет, Фармацевтскиот факултет и Стоматолошкиот факултет.

Студентите на возраст од 26, 21 и 22 години носеле очила поврзани со камери во нивните рамки, преку кои се испраќале слики до надворешни соработници, кои испраќале одговори на прашањата преку паметни часовници. Сето ова било правено истовремено за време на тестот.

Деканот изјавил дека тројцата студенти платиле по 31.000 долари за опремата и одговорите. Студентите биле приведени, но пуштени бидејќи мамењето на тест не е криминално дело. Медицинските дипломи се барани на Тајланд.

Овој испит бил приемен тест за влез на факултетите по медицина, фармација и стоматологија и покривале математика, англиски јазик и биологија. Тајланскиот образовен систем има потреба од реформа и покрај економскиот раст на земјата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование