X
 12.05.2022 Образование

Каков покрив треба да се стави на некоја куќа за да биде енергетски ефикасна? Кои прашања се паѓаат на ПИСА-тестот?

ПИСА-тестовите се полагаат во сите средни училишта во државата. Вклучени се околу 8.000 ученици на 15-годишна возраст, односно деца родени во 2006 година

Каква треба да биде бојата на покривот на куќата за таа да биде енергетски ефикасна? Каков треба да биде покривот за да се одржува константна температура во куќата? Ова се некои од прашањата што се паѓаат на меѓународното ПИСА-тестирањето кое деновиве се реализира во македонските училишта. ПИСА-тестирањето, кое се полага во сите средни училишта во државата, требаше да се спроведe лани, но поради пандемијата беше одложено за годинава.

- Вклучени се околу 8.000 ученици на 15-годишна возраст, односно деца родени во 2006 година. Денеска се тестираат учениците во Дебар. Учениците се избрани по случаен избор од организаторите. ОЕЦД е покровител на ПИСА, а околу 85 држави се вклучени во ова меѓународно тестирање. Првпат нашата држава електронски ги спроведува тестирањата, на компјутер. Одговараат на интерактивни задачи, се оценуваат по предметите мајчин јазик, математичка писменост и природни науки - појаснува Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар.


Елизабета Наумовска

Таа додава дека не се оценува знаењето што го добиваат со редовните програми бидејќи секоја држава си има различни цели и теми, туку се оценува применливоста на знаењата од овие области во секојдневниот живот.

- Тоа значи дека прашањата се мултидисциплинарно поставени. Резултатите ќе покажат каде сме ние во споредба со другите земји. Веќе имавме пробно тестирање во септември лани, кое исто така се изведе на компјутер. Тогаш го тестиравме системот. Обезбедивме лаптопи за оние училишта што немаа соодветна компјутерска опрема и соодветен понапреден софтвер - информира Наумовска.

Во ПИСА се проверува читање со разбирање, математичка писменост и креативност. Ќе имаат проблемски прашања на кои треба да изнајадат креативни решенија. ПИСА е програма за меѓународно оценување на учениците кое го организира ОЕЦД во рамките на ЕУ. Досега Македонија учествувала во ПИСА во 2000 година, во 2015 и во 2018 година. Најслаби резултати нашите ученици покажале во 2015 година.
Подготвил: А.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование