X
 12.07.2021 Живот

Како да ги препознаете психопатите?

Психопатите не сочувствуваат со другите и преокупирани се со себе. Дали овие карактеристики ве потсетуваат на некоја личност? Не е чудно доколку тоа е така бидејќи во светот има многу психопати.

Недостигот на емпатија прави овие луѓе да се однесуваат на несоцијален начин. Тие дејствуваат спротивно од интересот на заедницата и само за свои придобивки. Дејвид Џилспај, автор на книгата „Скротување токсични луѓе“ (Taming toxic people), објаснува за „Њуз“ како се однесуваат психопатите и како да ги препознаете.


Фото: Pexels


Овие лица може да имаат некои од следниве карактеристики: може да бидат шармантни, опседнати со себе, добро да лажат, да манипулираат со емоциите на другите, да не чувствуваат грижа, совест или одговорност за своите постапки, да се импулсивни, да се бестрашни, да се однесуваат паразитски, да ги контролираат другите, да се одмаздољубиви, да се агресивни и застрашувачки.

Психопатите не се способни да соработуваат со други лица и секогаш ги гледаат придобивките за себе без да мислат на последиците. Доколку вашиот партнер, претпоставено лице, родител, сосед или дете е психопат, веројатно сте под голем стрес.

Животот со овие лица е многу трауматичен. Тие на почеток се шарматни и покажуваат интерес за другото лице, но по неколку месеци нивниот однос се менува.

Многу жртви на психопатите го опишуваат односот со овие лица на сличен начин. Меѓу другото, психопатите често сакаат да ги контролираат другите, а жртвите постојано чувствуваат дека некој ги следи и гледа. Психопатите критикуваат и не дозволуваат носење одлуки без консултација со нив.


Фото: Pexels


Жртвите на психопатите откриваат дека честопати имале несогласувања со овие лица, а на крајот тие биле виновни за тоа. Психопатите стануваат гневни за мали работи, особено доколку некој се сомнева во нивниот авторитет. Истовремено, психопатите може и бргу да се смират и да се однесуваат како ништо да не се случува откако направиле сцена.

Психопатите знаат да ги фалат жртвите доколку забележат дека жртвата се сомнева во нивните постапки. Психопатите често лажат и негираат дека ветиле нешто, а сето ова прави на жртвите да им биде тешко да предвидат каков ќе биде исходот од одредена активност.

Психопатите знаат и да донесуваат одлуки кои влијаат врз жртвите, но без да ги прашаат. Целокупното однесување на психопатите негативно влијае врз самодовербата на жртвите, кои се чувствуваат бескорисни и под огромен притисок.

Ова однесување не може да се забележи бидејќи психопатите им се допаѓаат на луѓето што не им се блиски, пишува Џилспај.

Извор: News
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот