X
 12.10.2018 Култура

Чудните закони низ светот: Франција нема официјална возраст за согласност за секс

Луѓето понекогаш ги мешаат напредокот со просветлувањето. Мислиме дека само затоа што една земја лансирала вселенска станица или продуцирала добра „Нетфликс“ драма, тоа значи дека е на патот кон утопија. Но, се чини дека и најнапредните нации сѐ уште се соочуваат со глупави бесмислени закони. На пример...

6. Франција нема официјална возраст за согласност за секс


Франција има репутација како најслободното место во светот кога станува збор за сексот. Тројки, афери - за разлика од Британија, на Французите не им пречи ништо. И се чини дека ова вклучува сексуални односи со деца.

Францускиот закон технички нема возраст за согласност з асекс. За разлика од било која друга полупристојна држава на Земјата, сексот со дете не се смета за силување во Франција. Наместо тоа, ако некое чудовиште малтретира 15-годишно дете, а обвинителите не можат да докажат дека детето било „принудено“, тогаш криминалот е калсифициран како „сексуално прекршување“, што доаѓа со мала парична казна или можеби неколку години затвор. На пример, во 2017 година, 29-годишен маж бил уапсен откако намамил 11-годишно девојче од игралиште и имал сеск со неа. Но, тој бил ослободен од судијата бидејќи неговите адвокати тврделе дека нејзината согласност да оди на прошетка со него се смета за согласност.

Но, за разлика од многуте луди европски закони, ова не е средновековен закон од времето кога луѓето се женеле со 12-годишни девојчиња. Овој збркан поглед на светот се појавил во доцните 60-ти, кога Сексуалната револуција ги олабавувала табуата премногу.  Некои луѓе почнале да тврдат дека децата, од кои повеќето не можат да бидат одговорни ниту за штанд со лимонади, може да се сметаат за одговорни за сопствената сексуалност во нивните односи со возрасните.

zakon

5. Шведска е 100 отсто против дрогата

Сигурно мислите дека една нација како Швеѓаните, чие небо повремено светнува како ласерско шоу, ќе консумира супстанции што го менуваат умот. Но, проади некоја причина, кога станува збор за дрога, Шведска не треба да зема ништо за да биде параноична.

И покрај тоа што има репутација како најпрогресивна и егалитарна нација на планетата, шведската стигма против рекреативната дрога е незаменлива. Во неодамнешна анкета, повеќе од 90 отсто од Швеѓаните се изјасниле дека се залагаат за ги задржат сите дроги незаконски.

Чудно за една земја што има одлично образование - се чини дека паранојата поврзана со другата доаѓа од недостаток на образование. Севкупно, Шведска заостанува децении зад истражувањата на дрогата и политиката. Како резултат на тоа, тие забележале зголемена употреба на дрогата.

4. Велика Британиа е преплашена од порно


Британците се познати по тоа што следат правила. За сѐ, постои соодветен начин да го направите тоа - да ѝ се обратите на кралицата, да направите одреден вид чоколади, а сега има и погрешен и правилен начин за гледање на порно - благодарение на билтенот за дигитална економија од 2017 година - тоа е еден од најпуританските закони што го прогласил западот. Според новиот закон, владата не само што ќе одлучи кога и дали можете да прескокнете видеа, туку и ќе одреди кое однесување е дозволено во видеото. Така на пример, ако пронајде анти-викторијансо однесување, владата ќе забрани секакви неконвенционални сексуални дела да не се појавуваат во еротиката,

Како резултат на тоа, порнографијата во Велика Британија станала здодевна.

3. Во Јапонија, расизмот е легален

Во 2015 година, 15 милиони луѓе ја посетиле Јапонија за да видат каков вид на кулутра би можела да настане од самураите и „Хелоу Кити“. Импресивно, особено за место што отворено мрази странци.

И покрај тоа што има одлична туристичка индустрија и ниска национална стапка на наталитет, Јапонија има анти-миграциска монокултурна политика многу полоша од фашизмот. Тетоважите се поврзани со криминалците. Тоа е ништо во споредба со другите јапонски бизниси кои користат вистинска сегрегација, забранувајќи им на сите оние кои не се Јапонци да влезат во ресторани, продавници и хотели. И сето ова е совршено легално.

Јапонците често ги третираат луѓето кои не се Јапонци како граѓани од втор ред, без оглед на околностите.

2. Во Италија, фашистичките банди и понатаму се во мода


Додека другите поранешни сили на Оската успеале да го остават зад себе фашистичкото минато, се чини дека Италија се враќа во 1939 година. Држејќи се за негуваната расистичка традиција што датира од Мусолини, Италија официјално ги легализираше одмазничките организации. Денес, италијанските банди лутаат низ улиците на повеќето големи градови, демнејќи ги имигрантите, малтретирајќи ги и напаѓајќи ги и за најситната работа.

1. Во Русија, домашните насилници кои нападнале за првпат не се осудувани

Во 2018 година, руската влада конечно одговори на долготрајниот проблем на семејно насилство во земјата, во кое во просек се убива жена на секои 40 минути. За жал, одговорот беше тоа што земјата им даде слободен излез од затвор на домашните насилници. Според изменетиот закон, сè додека злоупотребената жена или дете не е погодена до хоспитализација, сторител што го направил тоа првпат нема да се соочи со затворска казна. За второстепените престапници, казната е парична и изнесува околу 5 рубљи (80 центи), што значи дека човекот би можел да ја истепа својата жена до прагот на онесвестување и да плати многу малку.

Но, ако мажот одбие да ја плати казната, судот ќе земе пари од заедничката сметка, што значи дека жените често мораат да платат за сопственото тепање. Дури и оние жени кои бегаат во засолништа, судовите ги пронашле за да ги натера да ги платат казните на нивните сопрузи.

Поддржани од Путин, реформите биле предводени од ултра-конзервативците и Православната црква, за да се спречат семејствата да не се распаѓаат поради нешто глупаво како „шлаканица“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура