X
 12.10.2022 Живот

Со една едноставна одлука до многу нови привилегии и поволности

Новото време со промените што ги носи со себе секогаш носи и нови поволности и привилегии. Особено во финансискиот свет, каде што банката станува ваш партнер во управувањето со личните финансии и ви овозможува финансиска слобода со огромен избор на финансиски можности, низа привилегии и бесплатни услуги и со ефикасни и лесно достапни банкарски трансакции.

Целиот овој свет на можности и привилегии е достапен со само еден едноставен избор – банката преку која ќе ја примате вашата плата. Трансакциската сметка преку која ја примате вашата плата е влезот во светот на неограничените финансиски можности. Но, дали сте се запрашале што сѐ ви нуди банката за да бидете ефикасни, одговорни и безгрижни околу вашите лични финансии?

Комерцијална банка ви нуди бесплатно отворање трансакциска сметка и Visa или Mastercard дебитна картичка со бесплатна членарина за приматели на плати, при што постапката за аплицирање за овие услуги е лесна и брза и достапна онлајн. Активирањето на трансакциската сметка и потпишувањето на документацијата се прави при подигнување на дебитната картичка во експозитурата што вие ќе ја одберете.

Со тоа веќе ќе имате пристап до многубројни поволности и привилегии. Со вашата плата преку Комерцијална банка можете да располагате кога сакате и како сакате бидејќи дебитната картичка ви овозможува да плаќате брзо и безбедно на милиони продажни места во земјава и во странство, вклучително и на интернет со 3DES Secure највисоко ниво на безбедност, како и да подигате готовина без провизија на широката мрежа од 171 банкомат на Комерцијална банка, или пак да уплатите готовина на дел од нашите банкомати, услуги кои ви се достапни 24/7. Ќе можете и бесплатно да ги дигитализирате вашите Mastercard картички од Комерцијална банка преку Android апликацијата KomPay и да плаќате со телефонот наместо со физичката картичка.

Потоа, останува само да си обезбедите и други привилегии што ви ги нуди Комерцијална банка, како што се бесплатно аплицирање за дозволен минус до 2 плати, бесплатно користење мБанка и Интернет банка, бесплатно отворање траен налог. А, кога станува збор за финансирање на вашите планови, желби и потреби, на располагање имате широк избор на наменски и ненаменски кредити. Како клиент кој својата плата ја прима преку сметка во Комерцијална банка, ќе добиете кредитна поддршка со најповолни услови и со можност за обезбедување на кредитот со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на групацијата Триглав.

Искористете ги привилегиите и можностите што ви ги нуди Комерцијална банка преку вашата плата и уживајте во вашата финансиска слобода.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот