X
 13.02.2024 Живот

Како да почнете да читате по пет книги во месецот?

Постојано велите дека сакате да читате повеќе книги, но немате доволно време? Кал Њупорт, автор на книгата „Задлабочено работење“, чита неколку книги во месецот, а во книгата опишува како го прави тоа.

Неодамна тој сподели неколку совети за читање . Пред сѐ, Њупорт препорачува да одберете книги што ви се интересни вам, а не книги кои би ги импресионирале другите кога ќе кажете дека сте ги прочитале. Читајте различни книги, менувајте ги жанровите и темите, па дури и форматите.

Потоа тој препорачува да издвојувате редовни сесии за читање. Како што вели тој, луѓето треба да издвојуваат време за читање исто како што издвојуваат време за вежбање и други активности.

Њупорт смета дека се важни и ритуалите што го прават читањето попријатно. Тој ги поминува петочните вечери во неговата работна соба со книга и чаша виски, додека во лето чита надвор со шолја кафе.

Сепак, ниту една од овие стратегии нема да има голем ефект доколку не се одвоите од вашиот телефон, според Њупорт. Целиот поткаст на Њупорт можете да го слушнете во продолжение.


Извор: Open culture
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот