X
 13.06.2023 Технологија

Тинејџер создал уред кој препознава канцерогени клетки

Арјан Харсит, ученик во средно училиште во Канада, добил втора награда на натпревар за создавање технологија која користи светлина за да идентификува канцерогено ткиво. Неговиот изум, наречен „Лајт ИР“, може да направи револуција во методите за откривање рак.

- Операцијата е еден од главните третмани за рак, но голем дел од овие процедури се неуспешни бидејќи хирурзите оставаат микроскопски траги од канцерогени клетки во пациентите, кои може да станат нови тумори кои повторно треба да се оперираат - изјавил Харсит.



Тестовите за откривање остатоци од канцерогени клетки во телото траат со недели, а Харсит сакал да го промени ова. Тој објаснил дека туморите произведуваат повеќе молекули кои се разликуваат од нормалното ткиво и различно реагираат на светлина, па затоа може да бидат препознаени.

На овој начин функционира изумот на Харсит, кој користи техника за идентификување на канцерогените клетки со препознавање на хемискиот состав со помош на светлина.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија