X
 13.10.2020 Живот

Ѕирнете во магичниот свет на минијатурните инсекти

Бугарскиот фотограф Георги Георгиев ја комбинира својата љубов кон фотографијата со студиите по екологија за да направи неверојатни слики од природата. Неговите макрофотографии го истражуваат малиот свет на инсектите во сцени како од бајка.

Георгиев поминува часови во природата со цел да создаде фотографија што планирал да ја направи. Така, на пример, потребно е многу време за неговиот „модел“ да ја направи правилната поза, а честопати Георги ползи по земјата за да го следи моделот. Оваа упорност се исплати во финалниот производ, каде што инсектите се прикажани како кралеви на нивната околина.

1

2

Да се најде причина да се излезе во природа не е тешко за Георгиев.

- Насекаде во природата можете да најдете инспирација. Од малите суштества со нивните интересни форми, бои и однесување, до нивните прекрасни живеалишта. Во природата можете да најдете тишина, мир, невиност и девствена убавина. Сите овие фактори ви помагаат да ја отворите вашата имагинација - вели тој.

3

4

Макрофотографиите на Георгиев се огледало на неговата фантазија што ги рефлектира неговите чувства и фантазии. Тој многу внимава на светлината и ја користи само природната светлина, па така претпочита да прави фотографии на изгрејсонце или зајдисонце од кои излегуваат различни емоции. Без оглед дали се два полжави кои изгледаат како да ќе се бакнат или молец кој се држи на цветот на дождот, овие фотографии пренесуваат различни наративи за животот во шумата.

6

7

Извор: Mymodernmet.com
Фотографии: georgigeorgiev.photography
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот