X
 13.10.2021 Живот

Компании им даваат платено отсуство на вработените за ново милениче

Некои компании и работодавци во светот дозволуваат вработените да го земат своето милениче на работа, но што е со платен одмор кога ќе земете ново милениче?

Можеби звучи необично, па дури и невозможно, но во некои земји постои оваа можност, па работниците можат да добијат до две недели одмор за нов член на семејството.

Некои работодавци го земаат предвид фактот дека нивните вработени го сметаат миленичето за член на семејството, па вовеле деловна политика за платен одмор кога во семејството ќе има ново милениче.

На овој начин сопственикот има повеќе време да се зближи со новиот член на семејството и може да му посвети повеќе време и да го научи на некои работи, а и миленичето полесно ќе се приспособи на новиот дом. Ова е особено важно кога во домот доаѓа милениче кое треба да се научи да врши нужда, да се навикне на ремче, да игра и да се гали со сопственикот, а за сето тоа е потребно време.

- Немаме сите иста дефиниција за семејство. Мора да се грижиме за семејствата на нашите вработени, без оглед дали се кучиња или луѓе. Ова е добар начин да се осигуриме дека се грижиме за нашите вработени - вели Миранда Диц, менаџерка на подружницата на шкотската компанија „Брудог“ во САД.

kuce
Фото: Freepik

Иако има само неколку, и други компании почнаа да применуваат слична практика.

Агенцијата за дигитален маркетинг „Нина Хејл“ од Минеаполис воведе политика за годишен одмор која им овозможува на новите сопственици на миленичиња една недела работа од дома за да можат да бидат со своите миленици.

- Дел од грижата за задоволството на вработените, како приоритет во бизнисот, е и препознавањето важни животни настани надвор од канцеларијата. Ако сакаме да бидеме пример за најпосакуваната работна средина, клучно е да понудиме иновативни придобивки што помагаат да се одржи чувството на среќа на работа и пошироко за нашите вработени - рече Дона Робинсон, менаџерка во „Нина Хејл“.

Извор: Zadovolnja.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот