X
 13.10.2022 Образование

Најдобрите универзитети во светот за 2023 година според „Тајмс хајр еџукејшн“

„Тајмс хајр еџукејшн“ ја објави листата со најдобри универзитети во светот за 2023 година.

Листата покажува дека бројот на американски универзитети се намалува, додека бројот на оние од државите од Источна Азија, како Кина и земјите од Блискиот Исток, се зголемува. На годинашната листа има 34 универзитети од САД, во споредба со 43 во 2018 година. Во меѓувреме, на листата за 2023 година има седум кинески универзитети, за пет повеќе во споредба со 2018. Хонгконг има пет универзитети на најновата листа, за два повеќе во споредба со 2018 година.

Сепак, на листата со најдобрите десет универзитети има само универзитети од Обединетото Кралство и САД. За најдобар универзитет во светот во 2023 повторно е прогласен „Оксфорд“.

Најдобри 10 универзитети во светот за 2023 година

1. Универзитетот „Оксфорд“, Обединето Кралство
2. „Харвард“, САД
=3. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
=3. „Стенфорд“, САД
5. Технолошки институт во Масачусетс, САД
6. Технолошки институт во Калифорнија, САД
7. „Принстон“, САД
8. Универзитет во Калифорнија, Беркли, САД
9. „Јејл“, САД
10. Кралскиот колеџ Лондон, Обединето Кралство

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование