X
 13.11.2019 Живот

Размена на најдобрите практики од областа на офтaлмологијата

„Систина офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“- Загреб, и оваа година традиционално по четврти пат го организира регионалниот симпозиум „Новитети во офталмологијата“. Основната цел е размена на најдобрите практики од офталмологијата меѓу професионалците во оваа област.

На 2.11.2019 (сабота), во присуство на 300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и од Косово, каде што освен офталмолози присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози и специјализанти од Медицински факултет, се одржа 4. регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на „Систина офталмологија“, дел од Групација „Свјетлост“. Опфатени беа различни теми од офталмолошката практика, пред сè, овозможувајќи едукација и размена на искуства меѓу медицинските лица од Македонија и регионот. Предавачи на овој единствен од овој вид и размер симпозиум од оваа област беа проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост), д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина офталмологија) и aсс. д-р Христијан Дума (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје) и д-р Страхил Газепов (Клиничка болница – Штип). Новитет оваа година беа и излагањата на помладите колеги доктори, како дел од програмата за обука и едукација на млади кадри - специјализанти на „Систина офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“.

1

- Симпозиумот претставува одлична можност за споделување на најновите трендови во работењето кои се применуваат во „Систина офталмологија“ и на Универзитетската очна клиника „Свјетлост“, вклучувајќи и успешни резултати од примена на нови методи за третман на очни болести. Оваа година првпат споделија искуства и младите доктори специјализанти кои се дел од програмата за развој на млади професионалци на „Систина офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“. Искуства беа пренесени и од државното здравство, што претставува одличен спој на знаења, а ваквиот начин на работа само ја потврдува одличната соработка меѓу професионалците во офталмологијата, а се во улога на најдобрата можна дијагностика, избор на метода и соодветен третман на пациентите - изјави д-р Златко Арнаудовски, медицински директор на „Систина офталмологија“.

soopstenie

„Систина офталмологија“ е првата очна болница која веќе десет години дијагностички и хируршки ги третира сите проблеми со видот и очите. Во моментот „Систина офталмологија“ има свои центри во Тетово, Гостивар и во Битола. Денес, заедно со хрватскиот партнер, бројката на опслужени пациенти е над 400.000 илјади пациенти, со вкупно 50 резидентни доктори и над 140.000 успешни интервенции.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот