X
 14.12.2019 Живот

Потсетете ја зошто се заљубила во вас

Секоја врска е иста. По неколку години страста избледува, а рутината станува поголема. Вие може да бидете поинакви. Вие може повторно да го запалите огнот доколку сакате да се потрудите.


Навиките брзо стануваат здодевни. Следете ги следните чекори за да се вратите во деновите на почетокот на вашата врска. Потсетете ја вашата љубена зошто се заљубила во вас на почетокот.

Излегувајте

Почнете да излегувате повторно. Може да одите на вечера, а може и да се одлучите за поинаков состанок, како планинарење или пикник. Бидете креативни. Сетете се што сте правеле на почетокот и понудете ѝ да го направите повторно.

Флертувајте

Се сеќавате како се трудевте да ја заведете на почетокот? Бевте шармер, флертувавте и ја засмејувавте. Тоа што сте заедно подолг период не значи дека треба да престанете да го правите истото. Бидете забавни и воодушевете ја.

Не заборавајте на комплиментите

Секоја жена ужива во комплиментите. Кажете ѝ дека е прекрасна, дека ја сакате нејзината насмевка и дека изгледа убаво. Три комплименти во денот треба да бидат вашата цел.

Наскоро, таа повторно ќе се вљуби во вас, но и вие во неа.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот