X
 01.01.2015 Забава

Месечен хороскоп за јануари 2015 година

Дознајте што ве очекува во првиот месец од 2015 година.

 

1


Овен

Работа
- Овновите мораат да стартуваат најдобро што можат во новата година. Знаењето, образованието, просперитетот на ова ниво ќе ви помогнат да продолжите да бидете онаму кадешто досега сте биле. Парите ќе бидат важен фактор како облик на вложување. Сигурна можност за заработка во текот на средината на овој месец.

Љубов - Емотивно постојат две струи. Првата е поврзана со оние Овнови кои можат да бидат во проблем со емоциите. Уживајте во вашата слобода додека можете. Ќе имате можност да го промените вашиот живот со една Вага или Водолија.

Здравје - Поголема активност бидејќи имунитетот ви опаѓа.

Бик

Работа - Новата година започнува со позицијата на Месечината во вашето соѕвездие. Тоа ви дава многу време за размислување во врска со вашата егзистенција. Иако Месечината ја претставува нашата несвесна страна, вам ќе ви донесе добра вибрација. Радувајте се - излегувате од тежок период.

Љубов - Сте имале доста брачни кризи, а можеби и тежок развод. За оние кои се во врска, ја прекинале долгогодишната заедница. Единствено слободните Бикови имаат шанса на некој начин да се стабилизираат.

Здравје - Обрнете внимание на циркулацијата, а нервите ќе ви бидат чувствителни во првите денови на јануари.

Близнаци

Работа - Сферата на приватниот бизнис е посебно нагласена. Веројатно ќе почувствувате дека имате доста енергија во себе за апсолутно да започнете било што. Гледајте да бидете ангажирани до 21 јануари, после тоа тргнува ретроградното движење на Меркур во вашиот владетел. Оние кои се занимаваат со компјутери ќе имаат одличен успех.

 

Љубов - Одличен месец за оние кои сакаат слободна љубов без некакви поголеми обврски. Венера е планета на љубовта, а во знакот на Водолија донесува емоции со личност која ви е пријател или со која долго време сте биле во пријателска врска. Сега е време тоа да го претворите во нешто поголемо.


Здравје - Ќе почувствувате проблем со вашата половина.

Рак

Работа - Важно е да направите вистински договори со бизнис партнерите. Токму во текот на 2015 година ве очекува силна револуција. Ќе имате многу можности. Би било добро да се занимавате со работа која е поврзана со креативноста и која води кон позитивна цел. Втората половина на месецот е одлична за оние кои бараат работа.

Љубов - Ќе имате тежок почеток на годината во љубовта. Можни се препреки, несогласувања, многу нејаснотии кои треба да се решат. Втората половина на месецот, особено после 18 јануари ќе имате можност да се стабилизирате. Личност од знакот на Рак или Јарец ќе биде некој кој ќе ве воодушеви.

Здравје - Променете ги вашите животни навики.

Лав

Работа - Јупитер кој се`уште е во декември тргна ретроградно и понатаму го продолжува неговото движење. Ќе имате мали проблеми во текот на јануари и тоа со вашите колеги и соработници. Можеби ќе ја промените работата, со оглед на тоа што вашиот шеф е вистински кошмар. Добар работен период од 22 јануари кога веројатно ќе тргнете на пат.

Љубов - Кога Венера влегува во знакот на Водолија, куќата на вашето задоволство, од 6 јануари, ви претстојат шанси да привлечете се` што сакате. Сигурно ќе изберете некоја необична и ексцентрична личност со која можете да имате необични и посебни искуства.

Здравје - Вие сте силен и енергичен знак, а вашата слаба точка е срцето, половината и очите. Внимавајте!

Девица

Работа - Јануари е месец кој ќе ви донесе доста оптеретувања и работа. Сепак, вие едвај го очекувате за работно да ја започнете годината. Морате да останете онаму кадешто сте затоа што не е време да ја напуштите компанијата и да го прекинувате договорот, а ова особено е нагласено од 21 јануари бидејќи вашиот владетел Меркур, станува ретрограден.

Љубов - Отворено размислувате за личност со која работите. Ќе бидете во можност да се сретнете со неа и надвор од работното место. Тогаш ќе се опуштите и ќе кажете што имате да кажете. Овој период од почетокот на јануари е доста важен за оние Девици кои се слободни. Сега започнуваат вистинските предизвици.

Здравје - Веројатно уморот ќе ве скрши. Имунитетот ви е ослабен поради претерувањето.

Вага

Работа - Одличен почеток за ова соѕвездие. Вие сте динамични и полни со ентузијазам, надеж, амбиции. Ги имате сите предиспозиции да напредувате и да успеете. Добро би било максимално да започнете големи проекти. Добра комуникација со огнените знаци, Овен, Стрелец и Лав. Вагите од втората декада ги очекува бизнис патување надвор од земјата.

Љубов - Ќе имате одлична забава за нова година и останатите празници кои се пред вас. На вашата заводливост и` нема крај. Морате да обрнете внимание доколку сте сами за да не претерате со познанствата, бидејќи постојано го потсетувате партнерот дека ви  е единствен. Вагите во брак ќе имаат повеќе среќа во однос на саканата личност.

Здравје - Доброто расположение лечи се`.

Шкорпија

Работа - Ви беше тешко во текот на претходната година. Голем дел од вас останаа без работа, многу не успеаја да се стабилизираат. Но, сега сето тоа е позади вас и лесно можете да издишете. Сатурн го напушта вашето соѕвездие, влегува во вашето второ поле на парите, а тоа е знак дека ќа имате среќа. Потрудете се да бидете максимално свои и да имате многу ентузијазам за работата којашто ве очекува.

Љубов - Во текот на целиот месец ќе биде нагласена состојбата во домот и вашето семејствто. Ве очекува одлична енергија, добро здравје, задоволство и ќе имате шанси конечно вие и вашиот партнер да поминете заеднички моменти после напорната година. Малку потешка ситуација за оние кои се слободни. Ќе имате можност да се вратите во старата љубовна приказна.

Здравје - Одлично.

Стрелец

Работа - Новитет на работното место е тоа што ќе бидете и повеќе од потребни. Во текот на јануари ќе имате доста работа, но и голема заработка. Сатурн навлегува во вашето соѕвездие и вие ќе бидете во можност да се насочите кон себеси и вашите идеи. Морате да внимавате кога преговарате бидејќи Марс во вашето трето поле на комуникација може да ви донесе големи проблеми.

Љубов
- Ако сте во врска со Водолија, ќе имате големи проблеми. Со самото тоа што Марс е во знакот на Водолија ќе имате расправии и кавги. И двајцата ќе сакате поголема лична слобода. Оние кои се слободни нема да сакаат никакви тривијални познанства доколку срцето не им каже да.

Здравје - Се чувствувате добро, имате сила но сепак внимавајте на падови и повреди.

Јарец

Работа - Самиот почеток на месецот е веројатно работен, уште првите денови. Ова и не е баш некоја одлична информација за вас. Ве загрижуваат парите како егзистенција бидејќи сакате повеќе и можни се големи и неочекувани изливи на вложувања во нови проекти. Она што е добро е дека ќе бидете заштитени бидејќи полето на парите ви дава сила низ Венера.

Љубов - Ќе имате возбудлив месец и возбудлив љубовен живот во текот на јануари. Старата љубов се враќа, и ќе биде многу подобра и поотворена кон вас. Отворени сте и такви личности ќе привлекувате. Ви претстои одличен момент со Бик, Близнаци, а можеби најдобро би било уште еден Јарец сличен на вас.

Здравје - Доколку држете се` под контрола нема да имате поголеми здравствени проблеми.

Водолија

Работа - Месецот започнува динамично и енергично. Марс, планетата на динамиката и енергијата во вашиот знак ве опишува како личност која е подготвена на се`. Ќе работите премногу, нема да имате можност да се одморите како што треба. Работите се` што е возможно за да го одржувате нивото на работа. Не ви е потребна никаква помош, но добро би било да се договорите со еден Овен или Стрелец.

Љубов - Одличен период за љубовни врски, романси и авантури. Сигурно сте некој кој сака авантура, но добро би било да почекате. Ќе имате можност за тоа и тоа во втората половина на овој месец. Оние кои се во брак или во врска нема потреба да имаат страв бидејќи личноста покрај нив е верна до крај, безрезервно.

Здравје - Добра енергија во текот на месецот.

Риби

Работа - Првата половина на јануари ќе биди прилично затворена. Постојат можности да се зголемат вашите амбиции овој период, а доминацијата ќе владее на работното место доколку сакате да ја освоите работната сцена. Добра работа и нешто ново ве очекува, а има поврзаност со странство.

Љубов - Да се биде во врска значи да се има партнер, меѓутоа да не се преоптеретува со постојаните повици, проверки и љубоморни испади. Тешко е за еден знак како што сте вие. Претераните емоции знаат да дадат голема љубомора, нестабилност и страв. Обидете се да бидете над тоа. Третата недела е важна бидејќи можете да започнете тајна врска која му се заканува на бракот или на долгата врска.

Здравје - Задржувањето на течности во организмот предизвикува проблеми со притисокот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава