X
 03.02.2015 Култура

Дали можете да го положите најтешкиот тест по географија?

GPS-от не е опција за лондонските таксисти.

 

Лондон


Имено, доколку сакате да добиете почесен зелен беџ, лондонскиот таксист мора да ги запомни сите 25.000 улици и локации на 20.000 места во радиус од 10 километри од „Charing Cross“.

Ова не е како она едноставно запомнување како што го правевме на тестовите и за време на часовите. Учењето за овие тестови над сите тестови, кое е наречено „Тhe Knowledge“, трае со години.

Оние кои учат за тестот, се нарекуваат „Knowledge Boys or girls“ („Момчиња и девојки на знаењето“) и често пати низ Лондон можат да се забележат на скутери.

Таксистите се против GPS и други компјутерски програми, такашто мораат да ги научат сите улици. Всушност, тие се прилично горди од нивната способност да создадат рута за неколку секунди во нивната глава. Нивното учење е толку интензивно што всушност нивниот мозок се менува од сето тоа знаење.

Да, нивниот мозок целосно се менува. Одделот од мозокот кој е одговорен за просторна навигација е многу поголем кај искусните таксисти отколку другите луѓе. И колку подолго таксистите возат, толку поголем станува овој дел од мозокот. Ова е посебно интересно за истражувачите бидејќи претставува пример за зголемување на мозокот за време на зрелите години кај човекот. Сите информации потребни за такси возење се учат на зрели години.

Оние кои конечно успеваат, имаат традиција првите патници да ги возат бесплатно.

Дали и вие би можеле да го научите овој тежок тест? Без разлика на тоа, потребно е да запомнете дека можете да ја зголемите моќта на вашиот мозок како и неговата големина. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура