X
 12.02.2015 Образование

Студентите прогласија Автономна зона и на техничките факултети

Денеска  студентите од техничките факултети сo транспарент „Автономија“,ги поздравија сите Пленумци кои во моментов се пред Машински факултет, и им порачаа дека прогласуваат Автономна зона и на овие факултети, пренесува НОВА.

 

Претставници од пленумите на техничките факултети во својот говор потсетија колку премиерот Никола Груевски брзо ги менува ставовите, па така од реториката дека не знае зошто протестираат, дојде до тоа вчера пратениците да изгласаат одложување на примената на законот.

Пленумци потсетуваат дека на средбата со Груевски, барале одложување до 2018 година на измените со кои се претпоставува државен испит, со цел да се остави простор за изготвување на целосно нов закон, и се додека не се случи тоа тие нема да отстапат од своите барања.

Во моментов на Машински факултет не се држи настава во ниту една предавална, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.

Студентите од пленумот на Машински, вечерта ќе ја поминат на техничките факлутети, за што се обезбедни истите услови како и на Филолошки/Филозофски факултет.

Останува повикот до граѓаните да се солидаризираат и да ги посетат студентите и да им однесат храна, пијалоци и вреќи за спиење. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование