X
 19.02.2015 Образование

Како полесно да станете писател?

Факт е дека сите не се родени со талент да пишуваат и да се изразуваат убаво. Но, многумина сонуваат дека еден ден ќе се изразуваат толку убаво што нивните зборови срочени во авторско дело, ќе ги стават на исто рамниште со големите автори.


Ако отсекогаш сте сакале да бидете Хемингвеј, Броте или Гришам, или можеби сте сакале да напишете подобар есеј за на факултет, тогаш овој водич е добрар начин да го започнете своето ,,патување” како професионален писател кој има моќ да ја воодушеви публиката. Прочитајте ги овие четири совети и потрудете се да станете професионален писател.

1. Читајте ги делата на големите писатели.

Читањето на дела на големите автори ќе ви помогне да формулирате реченици и да создадете приказна како што тоа го прават големите писатели. Исто така, тоа ви дава можност да ја анализирате нивната работа, заедно со нивните вештини и да го разберете стилот на кој што пишувале. Не треба да го копирате нивниот стил, туку преку нивните дела ви се нуди можност да научите како да пишувате од самите мајстори на пишаниот збор. Нека ви стане навика да читате весници, статии, кратки приказни и академски истражувања. Ова ќе ви помогне бидејќи ќе имате знаења од повеќе области и ќе ви се прошират можностите да пишувате за нив.

2. Запишувајте ги идеите секогаш кога ке ви дојдат на ум.

Блокада на инспирацијата може да му се случи на секој писател, во секое време, па без исклучок ќе ви се случи и на вас. Вашиот ум ќе стане празен и без инспирација да создаде нови идеи. Ова не можете ниту да го предвидите ниту да го запрете, но можете да пробате да се извлечете со тоа што ќе превземете одредени мерки, односно ќе ги запишувате идеите кога имате инспирација во мал дневник и подоцна истите идеи ќе ги употребите кога ќе се случи блокадата.

3. Збогатете го својот вокабулар со користење на речник

Ако сакате да пишувате за различни теми, потребно е да располагате со огромен фонд на зборови. Со тоа што ќе имате голем фонд на зборови ќе можете полесно да се изразувате, и појасно да го изразите вашето мислење. Исто така полезно е да го пребарате речникот за синоними на зборови кои веќе ги знаете, бидејќи ќе ви помогнат да го украсите вашето пишување. Покрај речникот можете да користите и игри на зборови за да го подобрите вашиот вокабулар.

4. Проверете го она што сте го напишале

Многу важно нешто што голем број писателите го прескокнуваат, е проверката на она што го напишале. И мала граматичка грешка може да остави дамка на вашето пишување. Затоа секогаш откако ќе напишете нешто, стекнете навика да го проверите она што сте го напишале, за да бидете сигурни дека не сте направиле грешка. Запомнете, клучот на успехот е никогаш да не се предавате. Добар писател не се станува преку ноќ затоа немојте да се фрустрирате, туку продолжете да вежбате. На тој начин, големи се шансите дека ќе успеете, за брзо време, да станете добар писател.

Online cultus

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование