X
 11.03.2015 Образование

Шеста меѓународна научна конференција - МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД


 

Ве покануваме да земете учество на Шестата меѓународна научна конференција «МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК-ЗАПАД», која ќе се одржи во Свети Николе, Р. Македонија, во периодот од 17-ти до 18-ти април, 2015 година, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“.



Научни насоки на конференцијата:

1.    Право и политикологија
2.    Психологија и педагогија
3.    Економија
4.    Филозофија, лингвистика и културологија


Воедно ве известуваме дека вашиот труд ќе влезе во EBSCO (водечки светски агрегатор на електронски бази и банки на податоци, од високоцитирани научни списанија). Поради таа причина, Вашата статија задолжително мора да содржи наслов, апстракт и клучни зборови како на мајчин, така и на англиски јазик.

Во прилог ги прикачуваме деталите за конференцијата, правилата за учество и начинот на пријавување. Како и секоја година, па така и сега, конференцијата е со меѓународен организациски одбор од следниве држави: Македонија, Србија, Русија, Бугарија и  Босна и Херцеговина.

Пријавувањето треба да заврши најдоцна до 01.04.2015. Трудовите се испраќаат на следниов меил: konferencija@msu.edu.mk

 Фајлови за преземање:

•    Информативно писмо
•    Барање за учество
•    Пример за веќе објавен труд

Контакт информации:

Технички раководител на конференцијата:
Ѓорчева Михаела • +389 75 226 775 • m_gjorceva@msu.edu.mk

Технички секретар на конференцијата:
Милена Спасовска • + 389 78 827 914 • milena.spasovska@msu.edu.mk

Адресa на комисијата:
„Маршал Тито“ 77 • 2220, Свети Николе • Р. Македониja

Официјална страница на конференцијата

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование