X
 21.03.2015 Живот

Светскиот ден на Даунов Синдром

На 21 март, 2015 година се одбележува 10-годишнината од Светскиот ден на Даунов синдром и секоја година гласот на луѓето со Даунов синдром и оние кои живеат и работат со нив, станува посилен.


 

Меѓународната организација за Даунов синдром ги охрабрува сите луѓе од целиот свет преку свои активности и настани да помогнат да се подигне свеста за она што е Даунов синдром, она што значи да се има Даунов синдром, и како луѓето со Даунов синдром имаат витална улога во нашите животи и заедници.

Во Македонија се уште не се знае колку заболени има од ова нарушување зашто се уште нема регистар. А ако се пренесат светските статистики, произлегува дека кај нас има најмалку 12.000 аутистични лица. Делот од регистарот што е од здравството е изготвен, а се чека да добие интегрална форма во веб-апликација до која ќе имаат пристап само овластени лица, велат од Министерството за здравство, без да наведат колку лица досега се евидентирани.

Светскиот ден на Даунов Синдром во Макеоднија ќе се одбележи со неколку настани и случувања.

Трисомија 21 – Скопје и Dancers United MK заеднички ќе го одбележат 21-ви март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром под мотото „Имам можности, имам избор“.

Главниот настан, инклузивен танц фестивал, во кој ќе учествуваат изведувачи со и без попреченост, ќе се одржи на 21 март 2015 во Театар Комедија, во 12 часот. Можност за да ги покажете сопствените танцувачки способности ќе имате на вечерниот настан, Танц-караоке, кој ќе се одржи истиот ден во Концепт 37(кафе-бар/изложбен простор на ул. Рузвелтова 37), во 20 часот. Влезот и за двата настана е бесплатен.

Лицата со Даунов синдром, на еднаква основа со другите луѓе, мора да бидат во можност да уживаат целосни и еднакви права, и децата и возрасните со "можности" и "избори".

Лицата со Даунов синдром се соочуваат со многу предизвици, како деца и возрасни кои може да ги спречи да ужива во нивните основни човекови права. Многу луѓе често не успеваат разберат дека луѓето со Даунов синдром се луѓе прво, кои имаат потреба од дополнителна поддршка, но треба да бидат признаени од страна на општеството на еднаква основа со другите, без дискриминација врз основа на попреченост.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот