X
 24.03.2015 Живот

Голем интерес уште од првиот ден на Саемот за мебел



Започна Саемот за Мебел, кој за прв пат оваа година е распространет низ 10 саемски хали со над 400 домашни и странски изложувачи. На самото отварање, освен претставници од медиумите беа пристутни и голем број на граѓани кои побрзаа да го одберат своето омилено парче мебел.

Скопје (24.03.2015), Меѓународниот МЕБЕЛ 2015, официјално од денес, 24-ти, им понуди на сите посетители повеќе од 10.000 парчиња мебел, распространети низ 16.000 метри квадратни.

Започна Саемот за Мебел, кој за прв пат оваа година е распространет низ 10 саемски хали со над 400 домашни и странски изложувачи. На самото отварање, освен претставници од медиумите беа пристутни и голем број на граѓани кои побрзаа да го одберат своето омилено парче мебел.

“На овогодинешниот Саем за Мебел, ќе се случува вистинско уживање за сите оние кои ќе дојдат да си купат нешто по дома, дворно место или канцеларија. За сите посетители имаме богата програма, 400 странски и домашни изложувачи, 10.000 иложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат оваа година во 10 саемски хали, изјави Магдалена Хамбова, оперативен директор на проектот ,,Саем за Мебел”.

Уште од првиот ден, Саемот за мебел бележи голема посетеност на граѓани кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетители.

Менаџерот за продажба за компанијата Opel во Македонија, г-дин Иван Бранов, на медиа дружењето денес по повод отварањето на саемот изјави: ,,Ние сме почестени што станавме партнери на Саемот за мебел, кој е секако, еден од водечките настани во Македонија. Со оглед на фактот што OPEL е еден од водечките брендови на домашниот пазар, нашата соработка се случи природно. Се надеваме дека нашата Corsa набргу ќе усреќи некој од посетителите.“

Само за потсетување, со секоја купена влезница за МЕБЕЛ 2015 станувате потенцијален добитник на најновата Опел Корса, од Опел - ексклузивен партнер на овогодинешниот саем за мебел. Цената на влезниците изнесува 100 денари, а за групните посети и за студенти Скопски саем овозможува 50% попуст на цената на секоја влезница.

Работното време на саемот е од 10:00 – 20:00 часот. Саемот завршува во недела на 29-ти во 18:00 часот, т.е веднаш по извлекувањето на среќниот добитник на новата Опел Корса.

Како надополнување, посебно сакаме да нагласиме дека за времетраење на МЕБЕЛ 2015 до 15-ти април, во Арт салонот на Скопски саем, кој се наоѓа во Управната зграда, ќе се одржи и атрактивна изложба на слики и скулптури од дрво и карикатури од браќата Урдин – Киро и Васил Урдин.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот