X
 29.03.2015 Образование

Кому му пречи Наставнички пленум?

Во последниот период, после мирните протести на Наставнички пленум пред МОН, се повеќе се засилуваат притисоците врз нашите членови.

Кому му пречи Наставнички пленум?

Наставнички пленум е граѓанска иницијатива која произлезе по неуспешниот договор помеѓу СОНК и МОН, а како последица на Студентски, Професорски и Средношколски пленум. Тоа е хоризонтална структура каде сите членови се рамноправни при донесување на одлуките. Мирниот протест уште не беше завршен, кога тесното раководство на СОНК брзоплето излезе со намера да го етикетира Наставнички пленум. Дали таа одлука, да излезе со таква омаловажувачка изјава, тесното раководство ја донесе едногласно против своите членови, односно дали за истата гласаа сите делегати?


Во Наставнички пленум смеат да членуваат сите наставници кои мислат дека од независноста на Р. Македонија во образованието се води погрешна политика, во насока на опаѓање на квалитетот, доведување на наставникот на самото дно во опшеството, образување на кадри кои ќе бидат послушници (роботи) и не ќе можат да размислуваат со своја глава. Членовите на Наставнички пленум може да членуваат во која било партија и во кој било синдикат, независно дали е тоа СОНК или МЕСО, или да не се членови на истите. Синдикатот би требало да ги штити работничките права, додека Наставнички пленум се јавува како коректор на погрешните политики во образованието. Секако не смее да се заборави дека НП е мултиетничка граѓанска иницијатива, и голем број од членовите се од албанската етничка заедница, но нѐ има и од турска, српска и сите други заедници што живеат во РМ, што само по себе ја побива партиската обоеност на НП.

Затоа, ги повикуваме партиите и тесното раководство на СОНК, да не вршат притисоци врз членовите на Наставнички пленум, затоа што НП не е ваш непријател. Со секој ваш успешен обид под притисок да се исклучи некој наш член, се зачленуваат 5-10 нови членови. Моментално има над 1000 членови кои јавно се објавени на блогот, и голем број кои не сакаат нивното име да биде објавено. Но и да останеме 50 членови, ние ќе ја продолжиме нашата борба за подобро образование.

Во прилог може да ги погледнете реакциите на наши членови кои бараат да бидат тргнати од списокот со членови, за да не ги избркаат од работа, за де не избркаат некој нивни близок и сл.

Фотографии од принт скринови може да погледнете тука

Со почит,
Наставнички пленум

Превземено од страната на Наставнички пленум

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование