X
 08.04.2015 Живот

Кратки совети за поефикасно штедење

Сакате да штедите? Просто прашање, не? Следуваат некои едноставни совети за подобро штедење. Да не должиме премногу и веднаш да започнеме да штедиме.


1. Подесете автоматско префрлање на одредена сума на штедната книшка.

2. Планирајте ги оброците и купувајте храна на големо претходно.

3. Планирајте ги оброците додека има попусти.

4. Пијте повеќе вода наместо сок. Поздраво е и поевтино!

5. Направете план за долговите и започнете да ги отплаќате.

6. Најдете хонорарна работа. Не го трошете времето пред телевизор кога може да заработувате.

7. Предизвикувајте се себеси. Дали навистина ви е потребно тоа што сакате да го купите?

8. Користете купони за попусти и намалувања, без разлика дали се работи за храна или забава.

9. Имајте фонд за итни случаи.

10. Кога планирате да купите нешто поголемо, користете го правилото на 30 дена. Доколку го промените мислењето во периодот, не треба да го купите.

11. Старите предмети во домот не мора да бидат заменети, може да бидат променети за да изгледаат како нови.

12. Одржувајте ги домот и автомобилот редовно за да одбегнете поголеми поправки кои ќе ве чинат повеќе.

13. Откажете се од скапите навики. Алкохолот и цигарите не се задолжителни во никој случај!

14. Бидете трпеливи со штедењето. Никој не се збогатил преку ноќ.

15. Запомнете дека среќата е во малечките работи, а тие најчесто се бесплатни!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот