X
 16.02.2024 Живот

Уплатете 11 евра и може да освоите 116.000: Ако ве извлечат, добивате и куќа вредна 3,5 милиони евра

Ако ви е смачено од градскиот живот и сакате да се повлечете на село, а истовремено сонувате да живеете во Англија, сѐ што треба да направите е да верувате дека сте родени под среќна ѕвезда и да издвоите 11 евра за да учествувате во еден вид лотарија.

За таа сума можете да освоите имот со пет спални соби, вреден 3,5 милиони евра, кој се наоѓа во Котсволдс и околу 116.000 евра.

kuka
Фото: Оmaze.co.uk

Котсволдс е регион во близина на Чарлбери, град кој се наоѓа на околу 25 километри од Оксфорд. Ова е игра на среќа организирана од „Омејз Ју-кеј“, добротворна организација која организира слични извлекувања.

Имотот што потенцијалниот добитник може да го освои е 353 квадратни метри и би можел да се изнајмува по цена од 5.800 до 8.100 евра месечно, доколку се работи за долготраен закуп.

kuka
Фото: Omaze.co.uk

Среќниот добитник нема да има обврска да плаќа давачки, хипотеки, данок за префрлање на сопствеништвото, а во наградата е вклучен и мебелот. Покрај тоа, победникот може да одлучи дали ќе живее во куќата, дали ќе ја изнајми или ќе ја продаде.

Котсволд е област со прекрасни природни убавини во Англија, познат по воодушевувачките села. Во близина на куќата се наоѓа и познатата прекрасна палата Бленхајм, која е составен дел од историскиот град Оксфорд.

Доколку сте решени да си ја пробате среќата, рокот за онлајн пријавување е до 25 февруари.

Минатата година среќниот добитник беше Мајкл Махер од Лутон.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: omaze.co.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот