X
 23.06.2015 Живот

Модниот тренд кој убил 3.000 жени

Чудно име и уште почуден предмет - кринолинот на модната сцена се појавил во средината на 1800-те и најчудно од се` е тоа што и денес жените го носат во посебни прилики.

 

тренд


Името е комбинација од „крин“ - тврд материјал кој бил направен со користење на коса од коњ  и „линен“ што значи платно. Меѓутоа не беше тврдиот материјал тој што на кринолинот му помагал жената да има извонредна силуета туку слоевите под него некогаш направени од коски и челик кој формирале кафез. Со тоа може да се каже дека бил доста тежок предмет за носење, и доста опасен поради тоа што лесно горел. Од доцните 1850ти, до доцните 1860-ти, околу 3.000 жени починале во кринолин пожари низ Англија.

Овој моден тренд траел до средината на 1860-те. Периодично повторно оживувал, а денес се носи за време на многу формални прилики - и под многу невестински фустани. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот