X
 27.06.2015 Култура

Документарецот за Мизар објавен na Youtube!

Краткометражниот документарен филм „Мизар - ѕвезда на надежта“ е филм на Марко Џамбазоски, студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за Филмска и ТВ монтажа, а и самиот е музичар во алтернативниот рок бенд Визија.
Приказната на филмот ги обработува почетоците на Мизар и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура.



 

Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видео материјали од бендот, од кои еден дел се демо снимки, а други се земени од архивата на МРТВ. Филмот е базиран на сеќавањата на членовите на Мизар од тој период Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Горан Таневски, Илија Стојановски и Слободан Стојков.

Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање.

Филмот досега беше дел од неколку интернационални филмски фестивали како што се: Стариград Пакленица (Хрватска), ДОРФ (Хрватска), Скопскиот филмски фестивал (Македонија), МакеДокс (Македонија), КРАФ (Србија), Ориго (Србија), Зајечарска гитаријада (Србија)

Филмот може да се погледне на следниот линк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура