X
 20.08.2015 Технологија

Балканскиот регион со најдобри стартап идеи во Европа



NewMan’s Business Accelerator на 18ти август 2015 (вторник) беше домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна Start-Up програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска Банка. Средбата со локалната старт-ап заедница броејќи дури 80 посетители, беше организирана во новите простории на акцелераторот, со цел промоција на програмата, идентификување и поддршка на најдобрите старт-ап тимови од земјата.

“Настанот беше одлична прилика за запознавање со организаторите на регионални startup конференции, како и за разменување на искуства со колегите. Се надевам дека и во иднина ќе има уште многу вакви настани каде што ќе можеме да ги претставиме нашите идеи. Ние дефинитивно се пријавуваме на Pioneers of the Balkans и очекуваме супер пласман и дружење.”, изјави Игор Петровски, студент на ФИНКИ и дел од тимот креатори на апликацијатa GO .

Програмата беше специјално промовирана преку ексклузивните гости на настанот Мarius Starcke, извршниот директор на Pioneers од Австрија, нивниот партнер Peter Milan Trapp, како и проектниот менаџер на програмата Јанко Милуновиќ.

“Особено задоволство ни претставува што новите канцеларии на NewMan’s акцелераторот ги отвораме со една вака значајна програма поддржана од Светска банка - Pioneers of the Balkans, со 80 млади амбициозни луѓе и што ја имаме честа да бидеме домаќин за Македонија и заедно со одличниот тим на Pioneers да влеземе во потрагата по најдобрите старт-ап тимови од регионот. Покрај оваа иницијатива на новите локации Акцелераторот нуди и унапредени програми за стартапи и позрели компани кои сакаат да ги таргетираат регионалните и глобалните пазар, како и за студенти кои ќе можат да работат со професионалци од Македонија но и од компании како Google, Близард и Рапид 7. Дополнително имаме услови за развивање на нови производи и услуги во рамки на студиото за правење прототипи и користење на работни простории по поволни услови во co-create просторот.”, изјави oсновачот и генерален менаџер на Њу Менс Бизнис Акцелераторот, Ирена Чаушевска.

“Идејата за Pioneers of the Balkans се оформи најмногу поради тоа што вие во овој дел од Европа имате навистина исклучително одлични старт-ап идеи и тимови, со тоа што во измимнатите три години голем дел од победниците и клучните награди на Pioneers фестивалот во Виена, ги зимаат тимови токму од Балканот, а гостин оваа година ни беше и тим од Македоја кој беше регионален победник на NASA Space Apps Challenge натпреварот. Една ваква иницијатива треба да е предизвик за секој млад човек и би сакал да изразам огромно задоволство за поканата да бидеме гости и да го промовираме настанот во акцелераторот и што пред мене гледам голем број на млади луѓе спремни да ми ја реализираат нивната идеја”, изјави извршниот директор од Pioneers од Австрија, Marius Starcke.

Pioneers of the Balkans е инвестициска програма подржана од Светска Банка со цел да ги раздвижи активностите на регионалната стартап сцена и да им помогне на идните претприемачи од балканскиот регион да ја однесат нивната идеја на наредното ниво преку:

• Бесплатно знаење, алатки и вештини,
• Бесплатен влез (1 ден) на Belgrade Venture Forum во ноември 2015,
• Директни контакти со повеќе од 100 интернационални инвеститори,
• Можност 50те финалисти да се натпреваруваат за 200.000 евра инвестиција,
• Специјална можност за Pre-Silicon Valley валидација од страна на NewMan’s Business Accelerator за 50те финалисти.

Програмата е наменета за сите иновативни старт-апи, outsourcing компании со сопствени иновативни производи или студенти со наредни идеи. Она што ни е потребно е претприемачки дух, ентузијазам и се разбира – одлична бизнис која има шанса да го освои светот. ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе земе значајна улога во овој настан преку вклучување на свои ментори при подготовката на избраните стартапи за полуфиналето и финалето на програмата.

Апликациите траат најдоцна до 31.08.2015 на pioneersofthebalkans.io Сите што се заинтересирани а имаат дополнителни прашања или им е потребна помош околу апликацијата можат да го контактираат тимот на NewMan’s Business Accelerator-от или да дојдат на разговор на Женевска 17б, Тафталиџе, Скопје. Телефони за контакт: 072 252 245 или 072 220 484.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија