X
 29.08.2015 Образование

Меѓусебното влијание на политиката и религијата и нивниот ефект врз општеството

Меѓусебното влијание на политиката и религијата, идентитет и секуларност, Охридски рамковен договор, дискурсот на верските заедници во македонската јавност се само дел од темите кои што беа дискутирани за време на летната школа „ Религија, етничка припадност и национализам “ во организација на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Универзитетот ''Евро-Балкан'' - Скопје и петте верски заедници во Македонија. 



За меѓусебното влијание на политиката и реигијата и нивниот ефект врз општеството, професорот Александар Спасеновски истакна дека ефектите од една добра политика или од една позитивна религиска постапка имаат многукратно позитивни последици и обратно. 

„ Човекот е и политичко и религиозно суштество. Оттаму, сосема природно, влијанието на политиката и на религијата врз животот на луѓето е многу големо. Тоа е случај во сите општества и во сите облици на државно уредување. Република Македонија, како демократска држава, во согласност со меѓународните стандарди, како и во согласност со сопствените специфики, гради поредок во кој помеѓу политиката и религијата постои одвоеност. Таквата одвоеност подразбира немешање на верските заедници во политиката, но и немешање на политиката во активноста на верските заедници. Сепак, ваквиот „ѕид“ не подразбира апсолутна одвоеност. Имено, сите луѓе имаат повеќе природи, така што е сосема нормално, во рамките на правилата на поредокот, да речеме, едно верско лице да има политички ставови, како и тоа, еден политичар да припаѓа на одредена вероисповест.“ – вели проф. Д-р Спасеновски.

За време на летната школа беше организирана и студиска посета на верските објкети како што се џамијата Али Пашина, црквата Св. Софија, католичката црква Св. Кирил и Методиј и Св. Бенедикт, Еврејските гробишта, како и Евангелско – методистичката црква.

Ивана Туфегџиќ како една од учесничките на летната школа посочи дека научниот аспект, плодните дебати, посетите на верските заедници како и обученоста и подготвеноста на верските лица кон кои има безброј прашања го зголемува научниот спектар на интерес кај секој студент кој се занимава со овие прашања.

„ Сметам дека ваквиот тип школи е од круцијален интерес на религискиот, културниот и етничкиот диверзитет од кој е составена Република Македонија. Велам, круцијален интерес, бидејќи за намалувањето на тензиите и создавање на функционално мултиетничко општество не се состои само во институционалните рами и правила, туку и во запознавањето на различните од нас подетално и учењето едни за други.“ – вели Туфегџиќ, дипломиран политиколог и студент на постдипломски студии на Уставно право на Правен факултет „ јустинијан Први “.

Целта на летната школа беше да се надмине статус кво ситуацијата во однос на верските, националните и културните разлики помеѓу академската младина во Република Македонија. Целната група се сосотоеше од млади академци на возраст помеѓу 18 и 28 години кои доаѓаа од Православниот Богословски факултет, факултетот за Исламски науки, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет, Правниот факултет „ Јустинијан Први “ и Факултетот за политички науки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование