X
 28.10.2015 Живот

Први септември - најсмртоносниот ден за учениците во Јапонија

„Мојата училишна униформа ми беше толку тешка што се чувствував како да носам оклоп“, вели Маса, кој се соочувал со исмејување и силеџиство, веднаш штом започнал во средно.

 

1


„Не можев да ја поднесам атмосферата на училиште, бев постојано вознемирен и срцето постојано ми чукаше силно. Помислив да се самоубијам, бидејќи така се` ќе беше полесно“, продолжува Маса.

За среќа, Маса (кое не е негово вистинско име) имал мајка која целосно го разбирала и не го принудувала да оди на училиште. Тој пишувал во весник за деца кои одбиваат да одат на училиште. „Одлучив да се самоубијам на 1 септември, денот кога започнуваше новиот семестар“, вели тој.

Она што е уште пострашно е фактот дека ова момче не е единственото кое размислува толку мрачно. Јапонија е земја со една од највисоките стапки за самубиства. Минатата година, за прв пат, најчестата причина за смрт меѓу 10 годишните и 19 годишните деца во Јапонија, била самоубиството.

 

Според официјалните лица, 1 септември е денот во кој најголем број деца под 18 години одлучиле да си го одземат животот. Помеѓу 1972 и 2013 година, од 18.048 луѓе кои се самоубиле, 92 од нив се самоубиле на 31 август, 131 на 1 септември и 94 на 2 септември.

Бројките исто така биле високи на почетокот на април, кога започнува првиот семестар во јапонскиот училишен календар.

Библиотеката во Камакура нуди решение, па ги охрабрува сите деца кои имаат вакви мисли да одат и да го поминат денот во библиотеката.

 

1


„Вториот семестар е пред нас. Доколку имате самоубиствени мисли, бидејќи го мразите уучилиштето зошто да не дојдете кај нас? Имаме стрипови и лесни романи. Никој нема да ве каже ако го поминете целиот ден тука. Ние сме еден вид на засолниште доколку сте се ставиле во позиција да изберете меѓу вашиот живот и училиштето“, пишува библиотекарот Махо Каваи на Твитер.

Ова беше доста контроверзен потег на библиотеката, која е дел од образовниот комитет на градот, затоа што ги охрабрува децата да не одат на училиште. Директорот на библиотеката Такаши Кикучи вели дека постоеше и можност да се избрише твитот.

Но, тој даде доста резултати, и во рок од 24 часа беше споделен повеќе од 60.000 пати.

Високата стапка на самоубиствата на 1 септември е добро позната меѓу наставниците.

„Започнавме невладина организација пред 17 години, бидејќи во 1997 година имавме три шокантни инциденти кои вклучуваа средношколци пред започнувањето на вториот семестар. Двајца од нив се самоубија на 31 август. Истиот период, три деца си ја запалија собата и рекоја дека го направиле тоа за да не се вратат во училиште“, вели Шикох Иши, уредник на весникот за деца кои не сакаат да се вратат на училиште.

„Токму тогаш сфативме колку децата се очајни и колку тие сакаат да испратат порака дека не е избор помеѓу училиштето и смртта“, додава тој.

 

2


Владата постави бројни телефонски линии и други системи за поддршка на оние кои имале самоубиствени нагони. Но, минатата недела 13 годишно момче се самоуби утрото на отворањето на вториот семестар.

Самиот Иши имал напишано самоубиствена порака кога имал само 13 години. „Во тоа време мислев дека немам друг избор бидејќи не знаев дека имам избор да не одам на училиште. Се чувствував беспомошен бидејќи ги мразев сите правила - не само училишните правила туку и правилата помеѓу децата. На пример, мора да ја набљудуваш структурата на моќта доста внимателно за да не бидеш исмејуван и малтретиран. Ако не им се придружиш на силеџиите, можеш да станеш нивната следна цел“, вели тој.

За Иши, неговите родители беа спасот - тие ја откриле пораката и му дозволиле да останат дома - токму ова го спасило.

„Сакам децата да знаат дека можат да избегаат од училиште. И работите ќе одат на подобро“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот