X
 24.11.2015 Живот

Чудо на природата - Милиони пајаци создаваат километарска долга мрежа

Огромна мрежа на пајаци која се протега еден километар се појави во текот на ноќта во мало предградие во Мемфис, Тенеси.

 

pajaci


Мрежата изгледа како утринска роса или мраз, и ги покрива дворовите на неколку домови. Загрижените жители велат дека осумножните суштества лазат по нивните прозорци и врати и сето тоа изгледа како сцена од хорор филм.

„Кога се пробудив утрово, имаше пајаци на мојата врата, доаѓаа во мојата куќ“, вели Франсес Вард.

Нејзината пријателка, Дебра Луис додава: „Не можете да седите во нејзината куќа бидејќи лазат по ѕидови, на вратите. Убиваме пајаци околу еден час“, додава таа.

 

мрежа


Сосетката Ајда Морис вели дека уште самото утро видела 20 пајаци на нејзината веранда.

Тие бараат од советот на општината да преземат мерки и да се погрижат за расчистување.

„Исчистете ја оваа област и пајаците, и обезбедете ја областа. Децата постојано трчаат наоколу. Пајаците можат да ги каснат децата“, вели Луис. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот