X
 04.12.2015 Живот

Младите избраа - еве кои се најомилените македонски производи


 
Резултатите од анкетата што ја спроведе изминативе денови „Факултети.мк” покажа дека убедливо најдобар македонски производ е Стоби флипс на компанијата „Витаминка”. Во анкетата учествуваа точно 731 испитаник. Анкетираните имаа можност да наведат кои им се трите најомилени македонски производи, како и да образложат зошто токму нив ги избираат.

Очекувано, најмногубројни се прехранбените производи, а помалку се застапени и производи од македонската текстилна и чевларска индустрија.

Еве кои се најдобрите македонски производи според бројот на освоени гласови:

1. Стоби флипс
2. Прозводите на Алкалоид (Бекутан, креми... )
3. Златен даб
4. Европа (крем банани, Јадран...)
5. Скопско пиво
6. Вината на Тиквеш
7. Сок Вива
8. Производи од Swislion (Агроплод) - (еурокрем, блок чоколадо...)
9. Производите на Винчини
10. Здравје Радово (сирење и кашкавал)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот