X
 11.12.2015 Образование

Отворено писмо од Студенткиот пленум: "Ќе ја критикуваме секоја влада"

Писмо од Студентскиот пленум: Назад на основата

Студентскиот Пленум не е збирштина безрбетници како што некои луѓе би сакале да биде. Тоа е платформа која донесе зрак надеж и ќе го одржи истиот во живот, колку и да се чини дека маглата го покрива. Збирот од различни мислења и слободата на истите да бидат изразени, донесе до една флуидна струткура која стана двигател на слободоумноста на секој човек. Мултиетничноста и академскиот дискурс се начин на делување на Пленумот и така ќе остане.

Така и овој пат, затоа што академскиот начин на изразување е единствениот јазик кој го зборуваме, ќе одолееме на сладострасното искушение, на кое многу други групи потпаднаа, да се претставиме како жртви на Груевизмот и ќе го замолиме нашиот противник оружјето со кое се служи да бидат аргументи и факти, а не ad hominem напади. Нашите ставови се цврсти и аргументирани, неколкупати до сега посочени и објаснети, но, како и секогаш, ценејќи го фер и чесното однесување како главна одлика на академското делување, отворени сме повторно да ги изложиме нашите ставови и се разбира, дебатираме, за истите, доколку некому не му се јасни.

Да се потсетиме. Студентскиот пленум не е овде за да падне некоја влада. Тој е овде за да ја критикува секоја власт, со цел истата да ја направи поодговорна во носењето на одлуките и создавањето на политиките.

За жал, оние кои би требало да се грижат за зачувување и унапредување на јавниот интерес, се всушност оние кои се најмалку одговорни и придонесуваат кон создавање на сивило во политичкиот спектар, кое не дозволува раѓање на слободна мисла и идеја. Па така, наместо охрабрување на секој процес кој значи конструктивен приод кон проблемите, истите тие се обидуваат да ја наметнат својата волја за иднината како вистината од која што не смее да се отстапи. Пукајќи со боева муниција кон неистомислениците, неодговорните создаваат терен на кој лесно победуваат, но губи целото општество.

Како млади луѓе сакаме да учествуваме во создавањето на иднината.

Тоа значи дека секогаш ќе бидеме гласни, неуморни и критички настроени. Студентскиот Пленум е решен да биде креативен, истраен и конзистентен во критиката на оваа и секоја друга власт.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование