X
 15.03.2023 Живот

Студентски отпор најавува блокада на сите булевари во главниот град

МОН преку својата континуирана негрижа за студентите и непочитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права.

Веќе влегуваме во третиот месец од новата година, а МОН нема исполнето ниту едно ветување, односно:

Постојано се доцни со исплата на субвенциониран студентски оброк. Според законот, МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2.500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за јануари.

Студентите кои се првпат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец ноември, а сега завлегуваме во месец март.

Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата - слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк.

Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023 година, сѐ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ.

Преговорите во однос на новиот Закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е во сила до 15 март.

Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно досегашното искуство, не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор.
Како што гледаме, МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш, туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град.

Младинско движење Студентски отпор

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот