X
 14.12.2015 Образование

Пленумци не се против нови факултетски згради, но бараат тие да не се градат?

Неколкумина претставници на движењето Студентски пленум денеска го блокираа влезот на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". Тие се револтирани што не биле консултирани кога се носела одлуката за изградба на нови факултети на имотот на УКИМ.

Она што збунува е нивниот став дека тие, како што тврдат, не се против изградба на нови факултети за нивните студенти колеги од Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, но во исто време, бараат да сопре изградбата на зградите.

Нивни претставници стоеја пред влезот во ректоратот и рекоа дека имаат неколку барања. Meѓу нив е оставка од ректорот проф. д-р Велимир Стојковски, зашто според нив, немал капацитет да застане во одбрана на универзитетската автономија. Потоа бараат деканите на Економски, Правен, Филолошки, Филозофски и на Архитекстонски факултет да се изјаснат за ситуацијата, а исто така бараат и да има нивни делегати во Сенатот на УКИМ и на вонредна седница да се разговара за ова.

Вујица Живковиќ, декан на факултетот за физичко образование, спорт и здравје изјави дека е добро што ќе им се реши деценискиот проблем со лошите услови за работа во бараките каде што е сместен факултетот. На имотот на УКИМ е предевидено да се гради и зграда за ФИНКИ, бидејќи сега студентите се принудени да слушаат предавања на други факултети.

„Бараме да се стопира градбата на новите згради во кампусот кај Ректоратот и да почне градба на истите во местата каде биле оригинално предвидени. Дополнително, сегашната градба е започната под многу сомнителни околности, па затоа и поднесовме преставка до градежниот инспекторат. Моменталното архитектонско решение е субстандардно и нема да им обезбеди достојни услови на студентите од ФИНКИ и ФФОЗС. Сакаме нашите колеги да студираат во достојни простории, а не во прикрпени, недолични и нелегално изградени згради", велат тие.

Колку за потсетување, пленумци пред неколку месеци откако се изборија, решија да го напуштат дијалогот кој го водеа со властите за нов Закон за високо образование и институциите ги прогласија за нелегитимни.

Демант од Студентски пленум во врска со насловот

По повод вашиот текст со наслов: " Пленумци не се против нови факултетски згради, но бараат тие да не се градат?", појаснуваме дека симплификацијста на насловот на вашиот текст не соодветствува со реалнитр барања на Студентски пленум и Мугра. Имено, ние не бараме да не се градат зградите, туку ја проблематизираме локацијата на која истите се наменети. Универзитетскиот кампус не располага со простор за уште минумум 4000 студенти, прекршени се правилниците за градба и законот за градење. Ние бараме стопирање на градбата на кампусот и одредување на друга локација на која нашите колеги ќе имаат услови и животен простор за студирање.



Подготвил: Антонија Поповска-Христов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование