X
 15.04.2024 Живот

Правилното менаџирање со финансиите сега поблиску до студентите!

Македонското кредитно биро АД Скопје (МКБ) и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа меморандум за соработка со кој се предвидува реализација на активности преку кои студентите ќе можат поблиску да се запознаат со улогата и значењето на МКБ.

Ќе се организираат едукативни предавања, работилници и панел-дискусии чија тема ќе бидат практични проблеми и секојдневни предизвици со кои се соочуваат младите во управувањето со личните финансии.

Целта на овие активности е да се пренесат знаењето и искуството на експертите на Македонското кредитно биро од секојдневното работење и да се насочат младите луѓе како да носат правилни финансиски одлуки, преку кои ќе си обезбедат финансиска стабилност и ќе избегнат презадолжување.



Во периодот што следува МКБ ќе воспостави соработка и со останатите факултети и средни училишта во државата, со цел реализација на активности и проекти од општествен интерес.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот